МВР: За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август


 Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Во август оваа година, како што соопшти, имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. – Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со […]

Едно лице загинало, а седуммина се повредени во несреќа на патот Гостивар-Кичево


Едно лице го загубило животот, а уште неколку се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Сообраќајот е во прекин поради увид. Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути. Во СВР Тетово е пријавено  дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се […]

Лекар нападнат во Кавадарци


Вчера во ОВР Кавадарци, лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци пријавил дека околу 11 часот, додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршеле интервенција на улица „Браќа Џунови“, бил физички нападнат од Џ.Д.(31). За ова попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена […]

Пукал во соселани кои се враќале од погреб, еден полесно повреден


Едно лице е полесно повредено во инцидент што вчера околу пладне се случил во гостиварското село Ѓурѓевиште. Помлад жител на селото со пиштол пукал во група луѓе кои се враќале од погреб. Полицијата трага по него и засега не се знаат мотивите кои го предизвикале инцидентот. Од СВР Тетово информираат дека вчера (2 септември во12 […]

Пронајден кокаин, приведени три лица во Гостивар


 А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране, синоќа се приведени од полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори“. Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе […]

Судењето за „Плацеви на Водно” и денеска одложено


Судењето за случајот „Плацеви на Водно” се одложи за 10 септември поради отсуство на бранителот на обвинетата Ратка Камчева, кој судечкиот совет го известил дека треба да присуство на јавна седница во друг предмет. Претходното рочиште пак кое требаше да се одржи на 30 август, беше одложено поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова, […]

Вишото обвинителство Скопје побара да се одбијат жалбите од обвинетите во „Транспортер“


Вишото јавно обвинителство Скопје побара да се одбијат како неосновани жалбите поднесени од обвинетите во предметот „Транспортер“, а делумно да се уважи жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција​. -По донесување на Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во предметот во јавноста познат како „Транспортер“, поднесени се жалби од обвинетите […]

Привремено одземени 100.000 швајцарски франци на Деве Баир


При контрола на автобус пријавен за излез на ГП Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци, соопштија од Царинска управа. – На ГП Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки GV7396АD на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Р.Турција, […]

Пожар во зграда во Аеродром, експлодирале и две плински боци


Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 октомври“ во Аеродром. Причината за пожарот уште е непозната, но по негово настанување, експлодирале и две плински боци.   Како што информира за МИА, командир на тимот на Територијална противпожарна единица, Среќко Чимевски, со настанување на пожарот, граѓаните пријавиле и силна експлозија, по што […]

Измамените при купопродажбата на станови ќе бидат обесштетени


Оштетените граѓани во случајот со измамата при купопродажба на станови за која обелодени новинската агенција МИА ќе си ги добијат парите назад, откако на денешното рочиште, кое што се одржа во Основниот кривичен суд – Скопје, обвинетиот агент за недвижности изјави дека до 20-ти септември ќе обесштети дел од сумата, а до крајот на октомври […]

Убиство во Топанско Поле


Во скопската населба Топанско Поле утрово во 9.12 часот било пукано во лицето Е.Б., кој починал од повредите, потврдија од Министерството за внатрешни работи за МИА. Од МВР додадоа дек се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На сила ѝ влегол дома, па ѝ го одзел накитот што го носела на себе


Вчера  во ОВР Кавадарци, кавадарчанката Д.Ј.(68)  пријавила дека околу 4 часот,  едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и ѝ го одзело накитот што го носела на себе. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки […]

Приведено лице во Скопје, барано со потерница


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, вчера во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година, соопштија од МВР. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Авганистанец тешко повреден, се обидел да се качи на товарен воз за Скопје


Р.О. од Авганистан, мигрант, е тешко повреден откако се обидел да се качи на товарен воз кој тргнал од Железничката станица Криволак кон Скопје. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 00:25 часот во Полициската станица Неготино. Р.О. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен е увид на […]

Приведен осомничен за оштетување на цевките за кислород во тетовската болница


Во понеделникот, околу 17 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање […]

Се судриле две возила во Бутел, па удриле во паркиран камион


  Во две сообраќајни незгоди во Скопје и во Прилеп повредени се шест лица, меѓу кои и малолетник. Во неделата, во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од село Љуботен кон населба Бутел се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Е.(25) […]

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19


Поради тестирање за Ковид-19 на обвинителката Лиле Стефанова, одложено денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“. Следното рочиште за предметот „Плацеви на Водно“, според календарот за Судот, е закажано за 2 септември. Стручен соработник во Судот, пред почетокот на рочиштето, ги инфомира присутните дека судењето ќе се одложи поради тоа што јавната обвинителка Лиле Стефанова, […]

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“, во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на […]

На граничниот премин „Евзони“ откриени 90 килограми канабис во камион од Македонија


Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Северна Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина. Суровиот канабис, според грчките медиуми, бил спакуван во 88 пакувања скриени во петте резервните гуми под камионот. […]

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево – Пехчево


Поради сообраќајна несреќа вечерва во прекин е сообраќајот на патот Делчево – Пехчево во близина на село Црник.   Сообраќајката како што информираат возачи кои сообраќале на споменатиот патен правец се случила помеѓу три возила, од кои едно со странски регистарски таблички и две со македонски регистарски таблички.   Возачите очевидци како причина за сообраќајката […]