Приведен стружанец баран со потерница за издржување казна затвор од 13 години


 Педесет и четиригодишен стружанец баран со потерница е приведен вчера од страна на полициски службеници од СВР Охрид.

Стружанецот И.Н. од селото Велешта е спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје.

По него била распишана потерница од Основниот суд во Струга за издржување казна затвор од 13 години.