МВР: 224 сообраќајни прекршоци во Скопје, 42 за брзо возење, 20 без возачка дозвола


На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, седум за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.

Изречени се две мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 5 за возач почетник, 58 за прекршоци што ги чинат пешаците, 54 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот.