Кочан бара помилување од Пендаровски


 

Бизнисменот Сеад Кочан  до Министерството за правда поднел барање за помилување. По барањето се уште не е одлучено, односно министерот за правда Бојан Маричиќ се уште не дал предлог. Покрај неговиот став, сепак последниот збор ќе го има претседателот Стево Пендаровски.

Колан во затворот „Идризово“ издржа речиси половина од казната, која му беше изречена за предметот „Труст“ на СЈО. Тој со првостепена пресуда беше осуден на 6-годишна казна, но Апелација му ја намали казната на 4 години и 8 месеци.Кочан веќе две години и еден месец е зад решетки, бидејќи во „Идризово“ влезе во 1 август 2019 година.

Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.