Истепана девојка на паркингот на Средно Водно


Деветнаесетгодишната И.Т. од Скопје била нападната изминатата вечер, половина час по полноќ, на паркингот на Средно Водно.

Како што информира МВР, по претходно недоразбирање, девојката била физички нападната од М.Ш. и М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.