Две лица кои питачеле во Тетово добиле поднесоци за глоби од 15 до 50 евра


 СВР Тетово информира дека вчера во акција за откривање асоцијални појави, две лица се откриени како питачат и за тоа ќе добијат соодветни поднесоци. Полициските службеници на СВР Тетово во содејство и координација со тетовскиот Центар за социјални работи вчера од 8 часот и 30 минути до 12 часот во Тетово ја  спровеле заедничка контрола. […]

Се скарал со сопругата, па ѝ ја запалил ординацијата во Прилеп


Во средата, околу 22 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода  Д.Ѓ.(47) од Прилеп. Тој се сомничи дека околу 19.50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка“ во Прилеп, по претходно нарушени семејни односи. Во службен разговор во полициска станица тој признал дека […]

ОЈО Кавадарци со обвинителен акт за семејно насилство со смртни последици во Неготино


Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и предлог за определување мерка за безбедност задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа на едно лице, кое е обвинето дека сторило кривично дело тешка телесна повреда од член 131 став 4 во врска со став 2 […]

Двајца битолчани пронајдени мртви кај местото викано „Сребрена вода“


 Попладнево во Битола, во 16:24 часот, до изворите на кисела вода кај местото викано „Сребрена вода“, битолско, пронајдени се во безживотна состојба А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. Несреќниот случај бил пријавен од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола, дека кај изворите на кисела вода на место викано „Сребрена вода“ во близина […]

Рентген снимките на Тот како доказ на судското рочиште за убиството на ракометарот


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје, продолжува на 31 октомври, откако денеска на предлог на одбраната сведочеа лекари од Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување. На денешното рочиште лекарката Маја Мојсова Миовска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување […]

Лекари од КАРИЛ сведочеа на судењето за убиството на ракометарот Тот


Дури и да ја знаевме повредата на ‘рбетниот мозок, курсот на лекување ќе остане ист, изјави Маја Мојсова Миовска, лекар од Клиника за анестезија и реанимација во врска со лекувањето на ракометарот Денис Тот кој бил примен на клиниката на 7 април 2022 година откако бил претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во […]

Претепан сопственикот на „Буревесник“, Зоран Божиновски


Синоќа пред неговата куќа во Битола, бил претепан новинарот Зоран Божиновски, пренесува порталот „Плусинфо“.  Имено, тој бил однесен во битолската болница, а информацијата за „Плусинфо“, ја потврдила сопругата на Божиновски која била со него за време на нападот. Новинарот бил претепан од две маскирани лица, кои му го скршиле носот, а има и други повреди […]

Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Со изведување на материјални докази од обвинителството во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје. Обвинителката Тања Трајчевска на денешното рочиште изведе материјални докази – рентген снимки од оштетениот Денис Тот изготвени од Судска медицина. На […]

Крадци го ограбиле Домот на АРМ во Скопје, украдени телевизор и кафемат


Скопскиот Дом на АРМ предминатиот викенд „настрадал“ во разбојничка кражба. Иако се наоѓа во центар на главниот град, а има и чуварска служба од припадници на Армија, земја членка на НАТО, разбојниците се прекачиле и влегле преку терасата на објектот. Според информациите на Телма, биле украдени повеќе работи од ресторанот кој се наоѓа на вториот […]

Се степале двајца дедовци, соседи во Аеродром


Повеќе тепачки низ целата земја нотира денешниот полициски билтен. Дел од нив околу Бит пазар, а се тепале и соседи, тепачки имало и по кафеани, обложувалници, пред автобуска станица… На 23.10.2022 во Полициска станица Аеродрoм, Р.В.(72) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот во премин на зграда на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање, бил […]

Во сообраќајна несреќа во Грција, полесно повредени петмина македонски државјани


Петмина државјани на Северна Македонија се полесно повредени и хоспитализирани, но не се во животна опасност по сообраќајната несреќа што кусо по полноќ се случила во северна Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, несреќата се случила на автопатот Егнатиа во близина на Амфиполи, откако, од засега непознати причини, автомобилот […]

Изгореа два стана во Штип, евакуирани станарите од зградата


  Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол“ во Штип. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека излекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.   Известувачот на МИА […]

Драма во Ниш: Не ги пуштиле во ноќен клуб, па фрлиле солзавец и ја блокирале вратата (видео)


  Според очевидци, група млади момчиња во саботата околу 2 часот и 30 минути фрлиле солзавец во ноќен клуб во центарот на Ниш, каде што се обиделе да влезат. Од полицијата во Ниш велат дека е пристигната пријава за нарушување на редот и мирот, пренесува Блиц. Полицијата добила пријава, интервенирала велат, а истрагата е во […]

За девет месеци четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактор


  Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и на патиштата и Министерството за внатрешни работи во Кичево и околината денеска реализираа превентивни активности за едукација на возачите на трактори и земјоделски машини и за дополнително обележување на овие возила заради нивна поголема видливост и безбедно учество во сообраќајот. Во првите девет месеци од годината четири […]

Скопјанка осомничена за измама


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, […]

Битолчанка тешко повредена во сообраќајка кај Ресен


Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случи вчера на патот Ресен-Битола, после местото викано „Чешмите“. Како што информираат од МВР, сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничко возило „рено талисман“ со хрватска национална ознака, управувано од М.И.(39) од Република Хрватска и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ѓ.(34) […]

Малолетници со метални предмети се тепале пред кумановско училиште


Малолетници се степале во Куманово, употребувајќи метални и тврди предмети, соопшти денеска полицијата. -Вчера од 17:30 до 18:30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово затоа што со група од други малолетници околу 13 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, […]

Вработен на онкологија зел мито за да издаде терапија на пациентка


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 21.10.2022 до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против К.У.(24) од Дебар, за сторено кривично дело „примање поткуп“, предвидено и казниво по член 357 од Кривичниот законик. К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за […]

Изгоре стан во Аеродром, се запалил од плинска боца


Стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца. Пожарот кој е пријавен нешто пред 10 часот е изгаснат и нема жртви. Интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Пијан велешанец ставил нож под грло на жена во полициска станица


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на ЈО, на 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се […]