Скопјанка удрила во полициско возило и повредила полицаец


Фото: Б. Грданоски

Сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случила ноќеска, половина час по полноќ.

Министерството за внатрешни работи информира за деталите за несреќата.

-Денеска (16.11.2022) околу 00.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило, по што удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – се наведува во соопштението на МВР.

Увид бил извршен на местото на настанот.