Скопјанка удрила со кола во сообраќајци на булеварот „Гоце Делчев“, еден е повреден


Фото: Б. Грданоски

Синоќа околу половина час по полноќ на булеварот „Гоце Делчев” во Скопје, „Пежо“ кое го возела млада жителка на Скопје удрило во екипа на сообраќајната полиција, која во тој момент имала запрено друг автомобил, соопшти МВР.

„Патничко моторно возило „Пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило, по што удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје“, се вели во полициското соопштение.

Во незгодата е повредена С.А. и удрениот полицаец, а тие биле примени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”.