Приведен 51-годишник од Камењане, држел затворена 36-годишна жена од Данска


Еден 51-годишник е приведен по вчерашната потрага по пријава за противправно лишување од слобода на 36 годишна жена, информира денеска СВР Тетово.  Вчера, петок – 4 август околу 20 часот и 30 минути во тетовското село Палатица,  полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.К.(36) од Данска за која претходно е добиена пријава дека против […]

Малолетници на Широк Сокак работеле по полноќ, други послужени со алкохол


При акциска контрола во угостителски објекти во Битола, тројца малолетници биле послужени со алкохол, следуваат соодветни поднесоци, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 23 до 02 часот изутринава, полициски службеници од СВР Битола во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат и Центарот за социјални работи […]

Скопјанец ќе се соочи со кривична поради загрозување на животната средина со отпад


Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ж.М.(62) од Скопје за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 ст.3 од Кривичниот законик. Пријавениот, при извршена контрола на 06.10.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори […]

Туристички работник му зел 2.450 евра, а не му обезбедил билети, му бара уште 4.000 евра


На 01.08.2023 во 23.00 часот, 26-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од вработен во туристичка агенција. Според пријавеното, на 18.05.2023 тие телефонски се договориле да му резервира три повратни авионски билети за три лица од Аргентина за што преку брз трансфер на пари му исплатил 2.450 евра. Како што е пријавено, лицето не […]

Нападнати четири жени


Во четири одделни случаи жени пријавиле дека биле нападнати од поранешни партнери, сегашни момчиња, но и од други жени. Имено, во средата, во 23.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(32) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од Б.Ј.(33) од Крива Паланка.  Истиот ден, во 17.30 часот во СВР […]

Се степале соседи, ранет малолетник и тројца возрасни


Во вторникот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во плац на бул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле […]

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител


Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена. Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро. Во потрагата на […]

Во сообраќајка меѓу Крушево и Кривогаштани загинаа млада жена и дете


На 02.08.2023 во 17.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од с.Канатларци, прилепско, излетало надвор од коловозот. По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С.(33) од с.Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и […]

Малолетници се возеле со автомобил – излетале од патот


Во средата, во 15.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат од селото Неготино кој води за автопатот, патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Сенокос, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден малолетен сопатник од возилото, а возачот и уште еден малолетен сопатник се […]

Граната од 100 килограми најдена во Македонија


Во текот на вчерашниот ден во 13 часот во СВР Куманово било пријавено дека кај с.Псача, при изведување на градежни работи, била пронајдена авионска граната со тежина од 100 кг, која потекнува од Втората светска војна. Извршен бил увид, а од страна на Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната за понатамошна постапка. […]

Се „грижел“ за сосетката и ѝ го зел целиот имот


Во вторникот, во 21 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници го лишиле од слобода С.М.(55) од Скопје, постапувајќи по пријава според која тој, прикажувајќи ѝ лажни факти на неговата 77-годишна сосетка, која имала здравствени проблеми и за која требало да се грижи, ја довел во заблуда и ја измамил да потпише лист со […]

Тешко повреден холандски параглајдерист во Охрид, транспортиран со хеликоптер во Скопје


  Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека холандскиот параглајдерист е имобилизиран од спасувачките екипи и веќе со хеликоптер се транспортира за Скопје по што ќе го преземе медицински тим. Според ЦУК, параглајдеристот има сериозни повреди на р’бетот. „Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот Крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица на […]

Дал капар за стан што бил продаден на друго лице


Во текот на вчерашниот ден во 9.10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека во периодот од 2019 до 2023 година бил измамен за сума од 6.000 евра. Според пријавеното, во 2019 тој дал капар од 5.000 евра за купување стан, но станот бил продаден на друго лице и парите му пропаднале. […]

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас


Неколку лица се пренесени на болничко лекување и пружање на медициска помош по сообраќајната несреќа која се случи попладнево на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во близина на Зајас. Во тек е увид на местото и сообраќајот е во прекин. Според информациите од СВР Охрид, во предел помеѓу селата Зајас и Грешница околу 15 часот дошло […]

Приведени се 14 лица кои биле на излет и пукале од огнено оружје


Минатата ноќ полициски службеници привеле 14 лица, кои биле на излет и пукале од огнено оружје, а притоа една жена била погодена од залутан куршум. – Уапсените лица околу 20.30 часот во близина на селото организирале излет и се сомничат дека пукале од огнено оружје, а еден заталкан куршум ја повредил 52-годишната Р.Ф., која била […]

Во сообраќајка тешко повредена млада битолчанка


Жена на возраст од 28 години од Битола е тешко повредена во сообраќајка што се случила доцна синоќа во Битола. – На 30.07.2023 во 22.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет авео“, управувано од […]

Се трага по 30-годишен маж: Се капел во езерото кај браната Глажња и исчезнал


Спасувачките служби трагаат по 30-годишен маж од селото Никуштак, кој вчера влегол во езерото кај браната Глажња, по што му се изгубила трага. Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р.. Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото. […]

Приведен 56-годишник во Пехчево за полов напад над неговата внука


Од МВР информираат дека  56-годишник од пехчевско е уапсен вчера поради сомнение дека извршил полов напад над неговата внука. Од Министерството велат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава. – На 29.07.2025 во 19.05 часот полициски службеници го лишиле од слобода У.К.(56) од пехчевско поради постоење основи на сомнение дека извршил полов […]

Тешка сообраќајка кај Долно Косоврасти: Десет лица повредени, од кои еден потешко


Тешка сообраќајна несреќа се случила, доцна попладнево во близина на дебарското село Долно Косоврасти, на делницата Дебар-Жировница, патен правец Дебар-Маврово. Во судар на три возила повредени се десет лица, но за среќа сите се вон животна опасност. -Веднаш по добиената информација возила на брза помош се упатија кон местото на несреќата. Само едно од лицата […]

Одреден 30-дневен притвор за осомничениот за обид за убиство на началникот на ОВР Струга


Поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А. вчера е лишен од слобода С.Н. (44) од с. Велешта, од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции, соопшти МВР. Како што се наведува во соопштението, на […]