Дал капар за стан што бил продаден на друго лице


Во текот на вчерашниот ден во 9.10 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека во периодот од 2019 до 2023 година бил измамен за сума од 6.000 евра.

Според пријавеното, во 2019 тој дал капар од 5.000 евра за купување стан, но станот бил продаден на друго лице и парите му пропаднале. Како што е пријавено, пролетва со него и неговата сопруга стапило во контакт лице кое се претставило како адвокат и им ветило дека може да им помогне станот да биде на нивно име, за што побарало 1.000 евра, а по извршената уплата му дало уплатница на друго име, по што се посомневал дека е измамен и пријавил во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.