Се трага по 30-годишен маж: Се капел во езерото кај браната Глажња и исчезнал


Илустрација (Фото:Википедија)

Спасувачките служби трагаат по 30-годишен маж од селото Никуштак, кој вчера влегол во езерото кај браната Глажња, по што му се изгубила трага.

Од Центарот за управување со кризи објавија дека се работи за маж со иницијали Ф.Р..

Нуркачки екипи го пребаруваа вештачкото езеро Глажња во Липково, но засега не успејаа да го пронајдат телото.

Потрагата продолжува.