Се скарале во сообраќај, едниот го избодел другиот


  Во средата, во 17.10 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти бил лишен од слобода К.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој на 15.01.2023 во 02.26 часот, на ул.„Козле“, поради недоразбирање во сообраќајот, …

Се скарале во сообраќај, едниот го избодел другиот Read More »

Гостиварка крадела од супермаркет, полицијата ја приведе


Во средата,  во 14.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во супермаркет на ул. „Илинденска“ во Гостивар ја лишиле од слобода С.Ш.(36) од Гостивар. Таа била затекната при вршење на кривично дело „тешка кражба“. С.Ш. е лишена од слобода, задржана во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против неа ќе биде …

Гостиварка крадела од супермаркет, полицијата ја приведе Read More »

Тешка сообраќајна несреќа кај Рампа


Тешка сообраќајка се случика вечерва кај Стара рампа на влезот на Кисела Вода. Според видеото објавено од „Канал 5“, на местото на несреќата интервенираат екипите на МВР и Брзата помош. Предните делови и на двете возила се целосно смачкани, но засега нема информации дали има повредени или настрадани лица.

Гори автомобил кај Зелен пазар (видео)


Автомобил гори на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, наспроти Црвен крст, во близина на Зелен пазар. Во автомобилот нема луѓе, а пламенот излегува од делот каде што се наоѓа моторот на возилото. Според информациите од терен се работи за автомобил со гостиварски регистарски таблички. Од МВР, пак, соопштија дека во 18.45 часот Г. Д. (28) …

Гори автомобил кај Зелен пазар (видео) Read More »

Притвор за 24-годишен скопјанец кој силувал девојка


СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Б.(24) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „силување“. Имено, на 13.01.2023 во 20.45 часот пријавениот В.Б. со употреба на сила извршил обљуба врз 22 – годишна девојка од Скопје. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски …

Притвор за 24-годишен скопјанец кој силувал девојка Read More »

Кривична пријава против полициска службеничка на ГП „Богородица“ за примање поткуп


 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар …

Кривична пријава против полициска службеничка на ГП „Богородица“ за примање поткуп Read More »

Три години од исчезнувањето на Марија Брзакова


Три години трае потрагата по исчезнатата Марија Брзакова (28) од селото Босилово, а од неа нема ниту трага, ниту глас. Таа исчезна на 18 јануари 2020 година во утринските часови. Истрагата за нејзиното исчезнување ја води Основното јавно обвинителство во Струмица, кое има отворена истражна постапка, но нема нови детали, а истата нема да биде …

Три години од исчезнувањето на Марија Брзакова Read More »

Четири лица повредени во сообраќајка во Тетово


Четири лица се повредени синоќа околу 20 часот во сообраќајна незгода помеѓу три возила на улицата „Илинденска“ во Тетово. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила:„бмв” со тетовски регистарски ознаки управувано од Е Б.(21) од тетовско Селце, „ауди” со скопски ознаки што го управувал Б.Л.(35) од Република Албанија и „бмв” со …

Четири лица повредени во сообраќајка во Тетово Read More »

Седумгодишник од Прилепско лажно пријавил бомба во училиште


Прилепската полиција и обвинителството расчистуваат случај во кој седумгодишен малолетник лажно пријавил дека, наводно, била поставена експлозивна направа во училиштето во селото Житоше во општина Долнени. Како што информираат од СВР Битола, вчера, 16 јануари во 18.16 часот, од својот мобилен телефон малолетникот, во присуство на неколку други малолетници, телефонски пријавил во полицијата дека во …

Седумгодишник од Прилепско лажно пријавил бомба во училиште Read More »

Пресудата за Даравелски испишана на 100 страници, по 15 години тој бара повторување на постапката


Без постоење одлука на Царинската управа, без одлука на Владата и без обезбедени средства од Министерството за финансии, поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски набавувал патнички возила од „Евро кар“ Битола и од Са&Са Компани од Скопје. Даравелски заедно со раководителот на сектор за организациони кадровски имотно правни и финансиско материјални работи во Царина, …

Пресудата за Даравелски испишана на 100 страници, по 15 години тој бара повторување на постапката Read More »

Денес завршни зборови за случајот „Титаник 2“


Во Кривичниот суд денеска е закажано рочиште за завршните зборови за случајот „Титаник 2“ во кој првообвинет е екс шефот на УБК Сашо Мијалков. Кривичниот суд во 2019 го осуди Мијалков за делото примање награда за противзаконито влијание, а во врска со изборни нерегуларности од 2013 година. Во декември истата година, Апелациониот суд ја укина …

Денес завршни зборови за случајот „Титаник 2“ Read More »

Едно лице загина во пожар во Струмица


Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во ќуќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица. Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата. -Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни …

Едно лице загина во пожар во Струмица Read More »

Спасовски: Работиме на прибирање информации за можното движење на избеганиот затвореник


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва изјави дека се работи на прибирање на информации и сознанија за можното движење на избеганиот затвореник Беким Мемети. Спасовски во интервју за Tелевизија 24 не сакаше да открие детали, но рече дека се прибираат информации со цел да се дојде до сознание каде се наоѓа избеганиот затвореник. …

Спасовски: Работиме на прибирање информации за можното движење на избеганиот затвореник Read More »

Притвор за таткото што со нож го рани сопствениот син во ресторан во Скопје


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението, лицето со умисла се обидело да го лиши од живот сопствениот …

Притвор за таткото што со нож го рани сопствениот син во ресторан во Скопје Read More »

Притвор за синот кој му забоде нож во врат на таткото во Куманово


Определена мерка притвор во траење од 30 дена за 40 годишниот кумановец кој е осомничен дека го лишил од живот неговиот 65-годишен татко, со што сторил кривично дело, убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија денеска од обвинителството. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово …

Притвор за синот кој му забоде нож во врат на таткото во Куманово Read More »

Притвор за петмина од Кавадарци и Неготино кои сексуално искористувале дете


Петмина на возраст од 21 до 39 години од Кавадарци и неготино, му лажале по 1.000 до 2.000 денари на дваесетгодишник, кој пак им овозможувал да имаат сексуални односи со малолетничка.    Во саботата, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на …

Притвор за петмина од Кавадарци и Неготино кои сексуално искористувале дете Read More »

Левица тврди: Командирот кој пушти убиец бил дел од инцидентите на Илинден


Левица денес алармираше дека веќе суспендираниот командир Срѓан Димитриевски, кој учествуваше во бегството на осудениот затвореник за убиство Беким Мемети, бил дел од параполицијата која учествувала на инцидентите за илинденската прослава. -На објавената слика од Енис Мурат, вработен во затворот „Шутка”, заедно со директорот Филип Андонов – Сокол, е суспендираниот командир, Срѓан Димитриевски. Иако според …

Левица тврди: Командирот кој пушти убиец бил дел од инцидентите на Илинден Read More »

Притвор за татко кој со три убоди се обиде да го убие сопствениот син


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 14 јануари, во работна просторија – кујна на ресторан во Скопје, на улицата „Кирил Пејчиновиќ“, осомничениот …

Притвор за татко кој со три убоди се обиде да го убие сопствениот син Read More »

Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница


  Денеска од 10 часот продолжува главната расправа од судскиот процес за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември 2021 година во кој животите ги загубија 14 луѓе.  На последното рочиште на 27 декември 2022 претставниците на Основното јавно обвинителство Тетово ги презентираа насловите од писмените докази кои се доставени со обвинителниот …

Со сведоци на Обвинителството треба да продолжи судењето за пожарот во тетовската модуларната болница Read More »

Четири дена го нема скопјанецот Ристе Бочвароски, семејството бара помош


Семејството и блиските од средата трагаат по Ристе Бочвароски (47) од Скопје, кој дента околу 13 часот излегол надвор од домот и му се губи секаков траг. Станува збор за семеен човек, татко на две ќерки, кој имал среден живот и никогаш во минатото не се случило нешто слично. Андријана, блиска пријателка на семејството Бочвароски …

Четири дена го нема скопјанецот Ристе Бочвароски, семејството бара помош Read More »