Денес завршни зборови за случајот „Титаник 2“


Фото: Б. Грданоски

Во Кривичниот суд денеска е закажано рочиште за завршните зборови за случајот „Титаник 2“ во кој првообвинет е екс шефот на УБК Сашо Мијалков.

Кривичниот суд во 2019 го осуди Мијалков за делото примање награда за противзаконито влијание, а во врска со изборни нерегуларности од 2013 година. Во декември истата година, Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

 До застарување на делото остануваат само уште четири месеци, така што оценките се дека речиси е невозможно пресудата да биде донесена пред тој рок.

Мијалков на судењето дојде во  придружба на двајца полицајци. Овој спровод се разликува од оној кој беше направен кон крајот на декември, кога, тој пешки дојде преку паркингот на судот и влезе во зградата. Пред судницата, го пречекаа тројца негови адвокати.

Судењето почна со прецизирање на обвинителниот акт од обвинителот Гаврил Бубевски. Прецизирањето е по насоките од Апелација, по укинувањето на пресудата.