Претрес во Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер (фото)


Денеска, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен […]

Гореше мотоцикл во Скопје – оштетен и дел од зграда


Денеска (30.08.2023) во 05.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Скопје бил опожарен мотоцикл, сопственост на В.К. од Скопје. – Од пожарот биле оштетени фасадата и надворешни ролетни од неколку стана во зградата пред која бил паркиран мотоциклот, информира МВР. Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат […]

Казна за возачот што залепи српски грб на тетовски регистерски таблички


Полицијата денес му изрече глоба на лицето кое извесно време возеше автомобил низ Тетово, со дел од табличките покриени со грбот на Србија, односно на местото на „знаменцето“ каде стои кратенката за Северна Македонија – НМК, пишува „Порталб“. СВР Тетово за „Порталб“ извести дека денеска околу 12.30 часот на улицата „Илириjа“ во Тетово го запреле автомобилот […]

Поведена истрага против првоосомничениот во предметот „Планина“


Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против јавен обвинител кој бил лишен од слобода во с. Грчец поради сомнение како главен организатор на кривично дело: „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215. став 3. […]

Прилепчани си крадат дрва за огрев на големо


Во вторникот,  по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица Прилеп во содејство со Шумската полиција од Прилеп во околината на местата викани Студенец и Дервен пронашле три патнички моторни возила и три запрежни коли натоварени со дабово и буково огревно дрво. Дрвата биле одземени и предадени на Шумска полиција Прилеп. Се преземаат […]

Во првите шест месеци годинава спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања


Во борбата против илегална миграција – во првата половина од 2023 година имаме сузбиена 17-члена организирана криминална група, спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања, откриени се 36 случаи на криумчарење на 286 мигранти за што кривично гонети се 28 лица, објави на неговиот официјален фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Благодарение на […]

Избодено младо момче во Скопје


Дваесет и двегодишно момче синоќа било избодено во Шуто Оризари. МВР информира дека од Градската општа болница Св.Наум Охридски било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен С.Б.(22) од Скопје. Според пријавеното, настанот се случил во Шуто Оризари, а повредите му ги нанел З.Б. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Наркодилер од Грчец им бегал на „тигрите“ со четирицикл, но бил фатен и лишен од слобода


Наркодилерот Иљаз Муареми од село Грчец, баран со меѓународна потерница денеска бил лишен од слобода, информираат во Министерството за внатрешни работи. „Полициски службеници, во содејство со САЕ „Тигар“, по претходно добиена оперативна информација, во близина на училиштето во село Грчец, скопско, го лишија од слобода Иљаз Муареми (45) од село Грчец, баран со меѓународна потерница […]

Се запали возило на Итната медицинска помош во Куманово, нема повредени


 Возило на Итната медицинска помош од Куманово се запали на улицата „Тоде Мендол“. Во пожарот нема повредени лица, иако со возилото бил транспортиран пациент од Скопје за Куманово. – За среќа нема повредени. Возачот и случајните минувачи навреме реагирале, го изнеле пациентот на безбедно и почнале да го гасат чадот од предната страна на возилото, […]

Загина 18-годишно девојче од Прилеп, со врсници излетале од патот кај Долнени


На понеделникот, во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал […]

Кај кумановец најден арсенал оружје


Во неделата Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно jавно oбвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Џ.Е. (42) од Куманово, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи” […]

Приведен командирот на полиција што пукаше со автоматско оружје на свадба


Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, денеска е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност  Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје, […]

Кривична пријава за ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем


Во ОВР Струга денеска е извршен службен разговор со Р.С.(36) од Вевчани по поднесена пријава од Детска амбасада „Меѓаши“ и З.М. од Штип дека преку социјалната мрежа Фејсбук упатил коментари со кои сторил кривично дело по чл.394 од Кривичниот законик.  Како што информираат од Министерството за внатрешни работи во службениот разговор Р.С. го признал делото, […]

Странски турист се удави попладнево во Охридското Езеро


Странски турист попладнево се удавил во водите на Охридското Езеро, во близина на Свети Наум. Според првичните информации од полицијата, станува збор за лице родено 1958 година, државјанин на соседна Република Албанија. Увид на местото на настанот е во тек, за утврдување на околностите за настапувањето на смртта. 

Kомандир на полициска станица пукал со автоматско оружје на веселба


Пратеникот и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска на Твитер објави видео на кое се гледа како човек пука со автоматска пушка од балкон на кој е истакнато турско знаме. На објавеното видео се слуша гласна музика, од што може да се заклучи дека станува збор за некаква веселба. Во објавата […]

Албанецот баран од 180 земји, го „уловиле“ во Колумбија


 Албанскиот државјанин Бесник Николи, инаку познат како „Нико“ или „Ел Гордо“ е уапсен во Санта Марта, обвинет за поврзаност со колумбиските шверцери со дрога. Бил баран во повеќе од 180 земји и се смета за цел со висока вредност од француските власти, Европол и Интерпол. – Обвинителството и полицијата во Санта Марта (Магдалена) го уапсија […]

Албански државјанин осомничен за напад врз полициски службеници на ГП „Блаце“


 Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен државјанин на Република Албанија, осомничен за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а Основниот кривичен суд Скопје му определен притвор во траење од 8 дена. Како што информира ОЈО, вчера на граничниот премин „Долно Блаце“, осомничениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле […]

Двајца повредени при сообраќајна несреќа на стариот пат Куманово-Скопје


Две лица се повредени при сообраќајна несреќа која се случи денеска на стариот пат Куманово-Скопје, во село Никуштак, во близина на депонија. Од МВР за МИА информираат дека според првичните информациите во сообрајќајката учествувале опел астра со кумановски регистерски ознаки и шкода суперб со кумановски регистерски ознаки.  Сообраќајката била пријавена околу 14 часот, а возачите […]

Цариниците изминатата недела заплениле девизи, козметика, текстил, оружје…


На граничниот премин Табановце на влез во државава се запленети 422 парчиња шминки во вредност од речиси 190 илјади денари, откако оперативниот тим при детален преглед со скенер истите ги откри во торба скриена во кабина на товарно моторно возило со штипски регистарски таблички. На граничниот премин Блаце: – На влез во државава се пријави […]

Трагедија во Куманово: Ги убил сопругата и нејзината мајка, па се самоубил


Четириесет и шестгодишен кумановец на 25 август ги убил сопругата и нејзината мајка со нож, а потоа се самоубил, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата добила пријава нешто по 14 часот вчера. Полицајците постапувајќи по пријавата, во стан во Куманово пронашле мртви две жени, една на 40 годишната возраст и нејзината мајка. Нив со […]