Малолетник нападнат од куче скитник во училишен двор


Вчера биле регистрирани неколку каснувања од улични кучиња во Скопје. Синоќа во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, М.Т.(37) од Скопје пријавила дека во двор на основно училиште на подрачје на Аеродром нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. Претходно во 22.00 часот во Полициската станица Центар, А.П.(31) од Скопје пријавил дека на бул.„Кузман […]

Жена заврши во болница, откако во неа удриле со автомобил во Дебар


Во вторникот, околу 22.24 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на ул.„Амди Леши“ во Дебар, патничко моторно возило „мерцедес“ со дебарски регистарски ознаки ,управувано од О.З.(45) од Дебар, удрило во В.К.(47) од Дебар. Во несреќата, В.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани од лекар во Здравствена установа во Дебар. Увид на местото на […]

Едно лице загина на кров од вагон кај Демир Капија


Едно лице загина на кров од вагон кај Демир Капија, информираа вечерва од Центар за управување со кризи. Оттаму нагласија дека лицето, најверојатно мигрант, загинало од струен удар.  – ЦУК информира дека од Македонски железници известиле, дека, од  17:15 часот, поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје […]

Во Липковско најдени неексплодирани гранати од конфликтот во 2001 година


Во неделата, во СВР Куманово било пријавено дека во село Отља, Липковско, при ископ за поправка на водовод, биле пронајдени седум неексплодирани гранати. Во понеделникот, екипа од СВР Куманово извршила увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирал дека станува збор за гранати од рачен ракетен фрлач кои најверојатно потекнуваат од 2001 година. […]

Куќен притвор за осомничениот за сообраќајката кај „Блаце“ што резултираше со три жртви


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството. – Осомничениот 64-годишник од Скопје […]

Затворски полицаец пуштил затвореник на слобода


Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска  до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Скопје, за сторено кривично дело „противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“, предвидено и казниво по член 373 од Кривичниот законик. Имено, И.П. во својство на […]

Малолетник заврши во болница откако автомобил го удрил на „Партизанска“


Во понеделникот, околу 21.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“, патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(22) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. По несреќата, малолетникот бил префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди, Увид на местото […]

Товарен воз удри во автомобил кај Прилеп, повредни тројца


Три лица се повредени во вчерашната железничка незгода што се случила кај прилепското село Гостиражни, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп […]

Приведени три лица по пукање во Охрид


Полициски службеници вчера ги привеле Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид. – Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“ настанала расправија во која, Ц.М. физички ,а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум, соопшти МВР. Нема повредени лица во инцидентот, а по […]

Жител на Гевгелија мамел жени низ државата барајќи им пари


Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – „измама“ од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – „лажно претставување“ од член 391 став 1 од Кривичниот законик, информираат денеска од Обвинителството. – Осомничениот, во временскиот период од 17.07.2022 година до 15.04.2023 година, во […]

Три лица од Радовиш олеснети за над 460 илјади денари од тројца измамници


Три лица од Радовиш се олеснети за 460 илјади денари од тројца измамници од Струга, село Дедино, Конче и Долно Оризари, битолско, информираа денеска од СВР Струмица. Нив полицијата ги сомничи дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна […]

Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити преку компјутерска измама


Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на […]

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни


Во Основниот кривичен суд, новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар. Латас пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е […]

Притвор за Косовецот кој беше фатен во Кондово со бомби, пушки и ракетен фрлач


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што […]

Загина млад човек од Македонска Kаменица возејќи мотор


Во неделата, околу 15.20 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар […]

Кај Косовец, кој живее во Кондово, откриен цел арсенал оружје


  Денеска (18.06.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Кривичниот суд Скопје извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин […]

Вардар носи безживотно тело кај Градско


  Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уланци, Општина Градско, од страна на СВР Велес. Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино. За оваа е известена ДЗС и локалната самоуправа.

Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец, се трага по три лица, едно е спасено


Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е […]

МНР ја потврди веста за сообраќајната несреќа во Албанија во која загина осумгодишно дете од Гостивар


Министерството за надворешни работи информира дека денеска на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало осумгодишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан. Амбасадата на Северна Македонија […]

Осумгодишно дете од Гостивар загина во сообраќајка во Албанија


Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Северна Македонија, а пет лица се повредени. -Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон […]