Пожар во куќа во Велес, нема повредени


Во пожар што утрово пламна на третиот кат од семејната куќа на ул „Димче Мирчев“ бр 1 пред рампата во населбата Дворови во центарот на Велес изгоре поголема просторија од спратот и покривот на куќата. За среќа во пожарот нема повредени членови на семејството. – Пожарот бил пријавен во ТППЕ Велес во 7:40 часот и …

Пожар во куќа во Велес, нема повредени Read More »

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март


Судењето за случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница продолжува на 3 март. На почетокот на судењето второобвинетиот призна вина со што кривичната постапка за Гочев беше одвоена и закажана за 21 февруари, а судењето продолжи само за првообвинетата Лидија Димова, поранешна директорка на Националната агенција …

Судењето за Лидија Димова продолжува на 3 март Read More »

Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново


Во средата, во 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Арачиново, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(24) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од истото село, информира МВР. Во несреќата, малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид …

Малолетничка прегазена со автомобил во Арачиново Read More »

Второобвинетиот Гочев призна дека вршел измама на штета на средства на Европската заедница


  Второобвинетиот Александар Гочев кој се товари за кривично дело „измама“ во случајот со „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „измама“ на штета на средства на Европската заедница денеска во Основниот кривичен суд призна вина. Гочев кој на почетокот побара судењето да биде одложено поради отсуство на неговата одбрана рече дека вината не ја …

Второобвинетиот Гочев призна дека вршел измама на штета на средства на Европската заедница Read More »

Несреќа во Куманово: Удрил со автомобил во паркиран автобус и починал


    Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.   – Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село. Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил …

Несреќа во Куманово: Удрил со автомобил во паркиран автобус и починал Read More »

Во камион и магацин пронајдени 800 кг прехранбени артикли со изминат рок 


Во средата,  во 11 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Б.(43) од село Арачиново, скопско, затоа што при контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени околу 200 килограми прехранбени артикли со изминат рок на траење. Исто така, подоцна била извршена контрола и во магацин на …

Во камион и магацин пронајдени 800 кг прехранбени артикли со изминат рок  Read More »

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова 


    Во Основниот кривичен суд денеска почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.   Судењето претходно беше одложено, бидејќи првообвинетата не се појави под оправдување дека имала влошена здравствена состојба.    Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, се …

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова  Read More »

Со презентација на супервештачењето продолжи судењето за „Ласкарци“


Во Основниот кривичен суд денеска продолжи распитот на вештаците од тимовите кои го изготвија супервештачењето за случајот „Ласкарци“. Денешната расправа започна со распит на вештото лице Зекирија Зекири, дел од тимот што го изготвил машинското вештачење. На изминатото рочиште јавниот обвинител Дарко Јакимовски поставуваше прашања кои се однесуваат на стручноста и компетентноста на вештаците, за …

Со презентација на супервештачењето продолжи судењето за „Ласкарци“ Read More »

Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети


Директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ вечерва информираше дека уште тројца вработени во КПУ „Идризово“ се суспендирани после бегството на затвореникот Беким Мемети. Два ипол часа се проверувал видео надзорот во „Идризово“, вели, Стојановиќ и додава дека новите тројца суспендирани не се одговорни само за бегството, туку и за функционирањето на целата зграда. …

Суспендирани се уште тројца вработени во „Идризово“ за бегството на Мемети Read More »

Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска


Условна казна му е изречена на гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели …

Условна казна за докторот кој ја породуваше Веапоска Read More »

Градежен работник од странство починал на објект во Аеродром


На 31.01.2023 во 08.30 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека на објект во изградба на ул.„Фрањо Клуз“ во Скопје починал еден работник. Полициски службеници од полициската станица излегле на местото и било констатирано дека И.П.(55) од Република Турција паднал додека извршувал градежни работи на објектот, по што починал на местото. Лекар од Итна …

Градежен работник од странство починал на објект во Аеродром Read More »

Малолетник избодел тинејџер по кавга за девојка


Во вторникот, во 14.30 часот во трговски центар на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје. Околу 14.05 часот, по кратка расправија и недоразбирање поради девојка, тој со нож му нанел повреда на М.А.(18) од с.Зелениково, скопско, при што бил забележан …

Малолетник избодел тинејџер по кавга за девојка Read More »

Таткото, кој со клоци и боксови усмрти тримесечно бебе, доби 20 години казна затвор


Дваесет години затвор доби скопјанецот Суад Бајрам (45) кој беше обвинет дека го уби тримесечното бебе кое почина како последица на добиените повреди и крварење во мозокот. Прогласен е за виновен за делото „убиство при вршење на семејно насилство“, откако призна вина, жалење и каење пред судиите во Основниот Кривичен суд Скопје, пренесува мкд.мк. Притоа, …

Таткото, кој со клоци и боксови усмрти тримесечно бебе, доби 20 години казна затвор Read More »

Уште тројца каснати од кучиња скитници


Едно девочје и двајца повозрасни граѓани се каснати од кучиња скитници во изминатото деноноќите.  Вчера, во 15.35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник. Истиот ден,  во 12.35 часот, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево била касната од …

Уште тројца каснати од кучиња скитници Read More »

Тројца каснати од бездомни кучиња


Во текот на вчерашниот ден, тројца од Скопје, Гостивар и Тетово пријавиле дека се каснати од бездомни кучиња. Така, во 9.40 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Г.(64) од Скопје пријавила дека на ул.„16 Македонска Бригада“ била касната од куче скитник. Истиот ден, во 8.50 часот во СВР Тетово, А.Р.(61) од Тетово пријавила дека на …

Тројца каснати од бездомни кучиња Read More »

Продолжува судењето за модуларната болница во Тетово


  Во Основниот суд во Тетово за денеска е закажано продолжението на судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, кога загинаа 14 луѓе. На 16 јануари годинава немаше рочиште и судењето беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите, економскиот директор на Клиничката болница Артан Етеми, кој имаше смртен случај. За продолжување …

Продолжува судењето за модуларната болница во Тетово Read More »

Кучиња скитници каснале три лица во Скопје


Вчера биле пријавени три случаи на каснувања од улични кучиња на различни локации во Скопје. Најпрво во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.С.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„474“ била касната од куче скитник. Потоа во 15.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Т.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Езерци“ неговиот малолетен син бил …

Кучиња скитници каснале три лица во Скопје Read More »

Четири малолетници нападнати со стаклени предмети во Драчево


Синоќа на подрачјето на Драчево се случила физичка пресметка меѓу осум лица. – На 28.01.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, четири малолетници биле физички нападнати од А.Б., А.Л., С.Л. и уште едно лице, кои употребиле и стаклени предмети, информира МВР. Се работи на расчистување …

Четири малолетници нападнати со стаклени предмети во Драчево Read More »

Кривична пријава против две физички лица и правно лице од Велика Британија за кривично дело „компјутерска измама“


СВР Штип соопшти дека поднела кривична пријава против две физички лица Ј.Т.С.(21) и A.A.A.(44) и правно лице од Велика Британија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерска измама“. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, одговорно лице во правното лице и третопријавениот извршиле промена на компјутерски податоци, со што предизвикале …

Кривична пријава против две физички лица и правно лице од Велика Британија за кривично дело „компјутерска измама“ Read More »

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово, вели министерот Тупанчевски


  Министерот за правда Никола Тупанчевски денеска изјави дека се уште трае истрагата во врска со бегството од затворот Идризово., а не сакаше да ги коментира информациите дека Министерството за правда ќе биде предмет на преговори за влез на Алијансата за Албанците во Владата. Одговарајќи на новинарско прашање, рече и дека до него сè уште …

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово, вели министерот Тупанчевски Read More »