Напад врз полициски службеници во Струга


Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлог за определување мерка притвор против двајца осомничени од селото Велешта, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. Како што информира […]

Сакал да ги прегази со автомобил кај „Бисер“, па излегол со нож и им нанел убодни рани


Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, соопштија денеска од Јавното обвинителство, за осомничениот е поведена постапка и за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од […]

Ученичка нападната од две врснички во училишен двор во Ѓорче Петров – снимале, а мајката пријавила


На 14.09.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 31-годишна жена од скопско пријавила дека пред неколку месеци во училишен двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и малтретирана од две нејзини врснички. Од настанот бил направен видео запис и откако таа го видела, пријавила во […]

Оружен грабеж на банка во Аеродром


Филијала на една банка во Аеродром, утрово била ограбена, откако вооружен крадец со закана одзел пари од вработените. На 15.09.2023 во 09.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените, соопшти МВР. […]

Се тепале две жени во Аеродром, натепани и двајца малолетници


На 14.09.2023 во 20.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(47) и О.П.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Истата вечер, во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ […]

Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало


Пред два дена, во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот […]

На човек му се слошило и починал во кафеана во Тетово, а двајца го ограбиле


СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Р.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Врапчиште и Х.З.(24) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. На 14.12.2022 во угостителски објект во Тетово, пријавените го забележале Т.Л.М.(71) од с.Вешала, на кој му се слошило и го однеле во Клиничка болница Тетово, каде […]

Приведено лице од Батинци, превезувало огревно дрво без документација


Во скопското село Батинци синоќа околу 20.30 часот полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода М.Џ.(24) од село Батинци. Како што денеска информираа од МВР, тој бил затекнат како со товарно возило „там“ врши транспорт на огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било приведено […]

Пожар во поранешната фабрика „ОХИС“


Центарот за управување со кризи извести дека од Е-112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во поранешената фабрика „ОХИС“. Како што соопштуваат од ЦУК, во фабриката е опожарен оџак и дрвна маса во еден од објектите на истата. Известени се БППЗ на град Скопје. Како што извести директорот на Центарот за управување со кризи, […]

Приведено лице од Струмичко, пронајдени 297 штеки разновидни цигари


Приведен 53-годишен струмичанец кај кого полицијата вчера пронашла 297 штеки разновидни цигари. МВР информира дека вчера, во 01.50 часот, во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(53) од село Иловица, струмичко. При преглед на патничко возило „пежо“, кое го управувал биле пронајдени и одземени 297 штеки разновидни цигари. -Лицето било задржано во Полициската станица […]

Притвор за осомничен за силување во струмичко


 Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи […]

Малолетник со мотор удрил во повозрасен пешак во Битола


Во средата, во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот Н.М.(62) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила увидна екипа на […]

(Видео) Царината заплени минибус со албански таблички во кој е откриен бункер за криење стока


Царинската управа на граничниот премин Табановце одзеде минибус со албански регистарски таблички во кој се откриени специјални бункери наменети за криење стока. Како што информираат од Царинската управа, случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата […]

Во синдикалната зграда во Велес ограбени три канцеларии на невладини здруженија


Три канцеларии на граѓански здруженија сместени во приземјето на синдикалната зграда во центарот на Велес, се ограбени од непознати сторители, информира портпаролката на СВР Велес Билјана Ѓаковска. Крадците одземале повеќе предмети од канцелариите. Инаку овие простории се во сопственост на Општина Велес. Ѓаковска посочи дека екипи на СВР Велес направиле увид на самото место и […]

Жена тешко повредена при симнување од автобус


 Жена на возраст од 65 години е тешко повредена при симнување од автобус.  На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија од МВР.  Извршен […]

Полицајци од Штип малтретирале приведен маж


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното Одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против Г.Ф., И. Х. и  Б.Н., полициски службеници во СВР Штип, поради постоење […]

Приведена виничанка, се обидела да изврши кражба во Тимјаник


Во недеката, во 22 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница. Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско и се обидела да изврши кражба. Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна […]

Запленети непријавени 329 раствори за инјекции за визуелизација при магнетна резонанца, објави царинската управа


На граничниот премин „Деве Баир“ на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење. -На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за […]

Приведени четворица од Косово кои со крос-мотоцикли влегле во зоната на строга заштита на Национален парк Шар Планина


Националниот парк Шар Планина соопшти дека при вршење теренска контрола заедно со полиција, вчера спречиле четири лица државјани на Република Косово да се движат со крос-мотоцикли по високопланинските пасишта на територија во парковската зона на строга заштита. Од НП Шар Планина потсетуваат дека движењето на моторни возила во зоната на строгата заштита е строго забрането […]

Се превртеа со трактор, загина 22-годишен жител на Порој


Во неделата, околу 13.50 часот, во тетовската Клиничка болница бил донесен починат Ф.М.(22) од тетовски Порој. Според утврденото во увидот, Ф.М. со уште четири други лица од истото село се превезувале со трактор „имт 539“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал. На земјен пат во месноста „Плоче“ во атарот на Порој, тој изгубил […]