Приведена виничанка, се обидела да изврши кражба во Тимјаник


Во недеката, во 22 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Џ.С.(35) од Виница.

Таа се сомничи дека околу 19.30 часот влегла во куќа во село Тимјаник, неготинско и се обидела да изврши кражба.

Лицето било приведено во ОВР Неготино и по целосно документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава.