Тешка несреќа на влезот во Грција од Македонија – автомобил преврте автобус, четворица загинаа


  Четири лица загинаа, а десетици се повредени во сообраќајната несреќа што рано утрово се случи во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија, при судир на туристички автобус од Србија со две возила. Поради сообраќајната незгода патот од 6.30 часот утрово е затворен за сообраќај. Тешката сообраќајна несреќа  се случила кога …

Тешка несреќа на влезот во Грција од Македонија – автомобил преврте автобус, четворица загинаа Read More »

Уапсен струмичанец кој шверцувал 28 мигранти од Сирија


  На 8 септември на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода Р.К. (32) од Струмица, кој превезувал мигранти. Во товарното моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое го возел, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија. За настанот …

Уапсен струмичанец кој шверцувал 28 мигранти од Сирија Read More »

Загина скопјанец удрен од сопственото возило


Скопјанец на возраст од 63 години настрада откако неговото возило кое било запрено, се придвижило и удрило во него.  На 07.09.2023 во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во …

Загина скопјанец удрен од сопственото возило Read More »

Уапсен малолетен крадец од скопско, украдените работи ги продал


Вчера, во 14.30 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје е лишен од слобода малолетник од скопско, поради постоење основано сомнение дека на 20.08.2023 во с.Ќојлија, скопско одзел предмети од С.З., а потоа ги продал на друго лице. По извршениот службен разговор, малолетникот го појаснил начинот …

Уапсен малолетен крадец од скопско, украдените работи ги продал Read More »

Со украинско дипломатско возило удрил мотоциклист во Скопје


На 07.09.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Рилски Конгрес“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(54) од Скопје и патничко возило „бмв“ со дипломатски регистарски таблички, управувано И.И.(51) од Р. Украина. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники …

Со украинско дипломатско возило удрил мотоциклист во Скопје Read More »

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа


 Двајца прилепчани, татко и син синоќа загинаа во пожар што избувнал во нивниот семеен дом на улицата „Цане Илиоски број 87а“ во Прилеп. Пожарот во надлежните служби бил  синоќа пријавен околу 21,45 часот. – Околу 22 часот синоќа добивме пријава за пожар за запалена куќа на улицата „Цане Илиески“ број 87а“. За гаснење на пожарот интервениравме со …

Татко и син во Прилеп загинаа во пожар во семејната куќа Read More »

Поднесено обвинение за грабнување


По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, од кои едното е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно …

Поднесено обвинение за грабнување Read More »

Претреси во Слупчане, пронајдени оружје и муниција


 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, денеска извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во с. Слупчане, општина Липково, соопшти МВР. При претресот пронајдени се шест …

Претреси во Слупчане, пронајдени оружје и муниција Read More »

Кривична пријава против 18-годишник и малолетник, запалиле објект во Скопската чаршија


Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 18-годишниот Б. А. од село Студеничани, Скопско, и малолетник од село Моране, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност во врска со кривично дело предизвикување општа опасност, извести МВР. …

Кривична пријава против 18-годишник и малолетник, запалиле објект во Скопската чаршија Read More »

Пред депонијата Дрисла се преврте камион со ѓубре, возачот итно пренесен во болница


Камион полн со ѓубре се превртел денска на патот кој води кон депонијата Дрисла. Очевидци за „Слободен печат“ велат дека камионот се излизгал на патот. Како што може да се види од видеата, по патот се растурени вреќи на ѓубре, а селските кучиња дополнително го растураат. Екипа од МВР е на лице место и врши увид.

Царина заплени апчиња и гел за потенција – штетни по здравјето


Спречена нелегална трговија на 4 тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните, откако царински инспектори од Секторот за контрола и истраги при детален преглед на стоката утврдија дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на …

Царина заплени апчиња и гел за потенција – штетни по здравјето Read More »

Во пожар уништена сендвичара кај Градскиот пазар во Охрид


Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, во сервисната уличка што води од плоштадот кај Чинарот кон Градскиот пазар. Пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово во Територијалната противпожарна единица, од каде веднаш на терен биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари, кои со брза интервенција го изгаснале пламенот. Во …

Во пожар уништена сендвичара кај Градскиот пазар во Охрид Read More »

Многу оружје кај поединци најде полицијата деновиве


При претрес во неколку различни живеалишта, полицијата пронајде и одзеде повеќе парчиња оружје низ републиката. Претрес во Мирковци, пронајдена автоматска пушка Денеска, полициски службеници од СВР Скопје-Единица за насилен криминал, по добиена судска наредба, извршија претрес во дом на З.З. (55) во с. Мирковци, скопско. При претресот пронајдена е автоматска пушка. З.З. е лишен од …

Многу оружје кај поединци најде полицијата деновиве Read More »

Со „рено“ удрен пешак во Скопје, сторителот побегнал


Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисната улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото. По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани …

Со „рено“ удрен пешак во Скопје, сторителот побегнал Read More »

(Фото) Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер


Вчера, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд  Скопје, извршија  претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско. При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и …

(Фото) Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер Read More »

Возило виси од карпа на Галичица, луѓето не се повредени


 Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), возлиото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени. Пријавата за возилото била добиена на бројот 112. -Возило е излетано код главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, …

Возило виси од карпа на Галичица, луѓето не се повредени Read More »

Фатен малолетен крадец во Кавадарци, му нашле 15 велосипеди


Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 – годишник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023. Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно …

Фатен малолетен крадец во Кавадарци, му нашле 15 велосипеди Read More »

Претрес во Митрашинци, пронајден динамит


Денеска, во 6 часот во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода …

Претрес во Митрашинци, пронајден динамит Read More »

Со фалсификувани евра сакал да купи телефон


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од с.Пекљане, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и кривично дело „фалсификување пари“. Имено, на почетокот на јуни 2023 година, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил …

Со фалсификувани евра сакал да купи телефон Read More »

Таткото и синот ја истепале мајката


Вчера околу 18.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 62-годишниот Ќ. Ј. и 25-годишниот Д. Ј. од гостиварско село, кои биле пријавени од 57-годишната сопруга и мајка дека физички ја нападнале, извести СВР Тетово. Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање …

Таткото и синот ја истепале мајката Read More »