Со „рено“ удрен пешак во Скопје, сторителот побегнал


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисната улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото.

По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти полицијата.