Со автомобил удрил во малолетно девојче од Штип


Вчера, во 19.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип, патничко возило „киа“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(63) од Штип, удрило во малолетен пешак од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. […]

14-годишно дете од Битола ненадејно починало на ливада додека си играло


  Момче од Битола на 14 годишна возраст, ненадејно починало додека вчера со другарчиња си играло на ливада, во атарот на селото Крстоар, близу Битола. Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми. Според кажувања на родители чии деца биле […]

Хакиран Европол


Европската полициска агенција (Европол) потврди дека е хакирана и го истражува инцидентот откако група хакери се заканија дека ќе продадат украдени вредни доверливи податоци од истраги. Хакирана е т.н. Платформа за експерти на Европол (ЕПЕ) што ја користат безбедносните стручњаци за „споделување информации, знаење, најдобри практики и податоци за криминалот“. – Европол е свесен за […]

Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје


Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Лежел во затвор за тешка кражба: 37-годишен скопјанец го запалил мостот „Беласица“


Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица”. – На ден 11.05.2023 година на ул. Беласица во Скопје, поточно под мост „Беласица“ предизвикан е пожар на “просторија за компензација на тополовод” во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката […]

Четворица повредени при судир на три возила во Скопје


Во четвртокот,  во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, Скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, Скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од […]

Во сообраќајка загина 42-годишен делчевец


Во средата, во 22.20 во Полициската станица Виница било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица – Виница, на место викано „Каменолом“, патничко возило „фолксваген тигуан“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(42) од Делчево, излетало од коловозот. На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. […]

Бербер си го нападнал малолетниот чирак на Бит Пазар


Во вторникот, во 13.37 часот во СВР Скопје, Ф.Х.(44) од Скопје пријавила дека околу 13.00 часот, нејзиниот малолетен син, кој работел како чирак во берберница на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од сопственикот на берберницата М.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Со трактор прегазил жена во Р`жаничино, Скопско


Во вторникот во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Р`жаничино, Скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР […]

Во сообраќајка кај Костурино загина 44-годишна жена – пешак


Во три одделни сообраќајни незгоди вчера, загина една 44-годишна жена – пешак, друга била прегазена во Битола, но поминала со повреди, а во судар во Куманово повредени се четворица, од кои двајца малолетници. Во вторникот, во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко […]

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Македонија


 На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината […]

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал на изборен материјал


 Во Полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото. Како што информираат денеска од МВР, не […]

Ја претепал сопругата со тврд предмет


Денеска, во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Н.И.Ц.(46) од Република Бугарија, затоа што на 06.05.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Деца, под закана со нож, ограбиле други деца во Центар


Полицијата вчера приведе четворица малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека околу 22.00 часот на подрачјето на Центар со закана со остар предмет од двајца други малолетници одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор, а парите биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена […]

Во сообраќајка кај „Влајко“ повреден возач


Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско. Во несреќата со тешки […]

МВРО или ВМРО: Им нашле пиштоли, ги привеле за поткуп при гласање во Чашка


Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради сомнение за кривично дело “поткуп при избори и гласање” по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава” со […]

Избоден малолетник во Кумановско


Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово, информираа од полицијата. На 05.05.2024 во 21.58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице, при што се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар Куманово.

Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани


Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница. Пријавата во СВР-Штип е во 02:24 часот, изјави за МИА Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип. Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во […]

Притвор од 40 дена за македонскиот државјанин баран со меѓународна потерница уапсен во Косово


Основниот суд во Урошевац денеска соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на судот во Урошевац, против лицето, идентификувано со […]

Момче доби притвор откако тепал полицаец


Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена на момче од 18 години кој се тепал со полицаец и му нанел телесни повреди. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишникот за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие. Момчето, на 2 […]