Ја претепал сопругата со тврд предмет


Фото: Б. Грданоски

Денеска, во 00.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Н.И.Ц.(46) од Република Бугарија, затоа што на 06.05.2024 во 21.30 часот, по претходна расправија, физички ја нападнал својата поранешна 43-годишна сопруга од Скопје, при што употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.