Избоден малолетник во Кумановско


Фото: Б. Грданоски

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово, информираа од полицијата.

На 05.05.2024 во 21.58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице, при што се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар Куманово.