Момче доби притвор откако тепал полицаец


Фото: Б. Грданоски

Основниот суд во Кавадарци му определи притвор во траење од осум дена на момче од 18 години кој се тепал со полицаец и му нанел телесни повреди. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишникот за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Момчето, на 2 Мај, во куќа на улицата „Димката А. Габерот” во Кавадарци, додека двајца инспектори од МВР сакале да фатат побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот, заедно со затвореникот, кој давал отпор при обидот да биде лишен од слобода, ги нападнал полицајците, се нафрлил врз еден од нив, го влечел и го гребел, нанесувајќи му телесни повреди.

Од Основното јавно обвинителство информираат дека затвореникот успеал да се ослободи и да побегне, но подоцна бил фатен и вратен во затворот. Осомничениот исто така избегал, но бил лишен од слобода, а по предлог на јавниот обвинител му е одреден притвор.