Се степале две вработени во средно училиште во Битола


Вчера во СВР Битола, 28-годишната Х.Т. од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., соопшти МВР. Од таму велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

Бојан Јовановски бара повторување на кривичната постапка за „Рекет“


Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во која како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години. Како причина тој наведе  нови околности и докази кои не биле употребени во доказната постапка. -Случајот „Рекет“ не е расчистен. Тој треба целосно да се расчисти, сите […]

Директорот на „Стрежево“ од Битола кривично се гони за набавка на стар ратрак


  БИТОЛА – Актуелниот директор на ЈП „Стрежево“ Битола кривично се гони за набавка на стар ратрак од близу 2 милиони денари за потребите на ски патеката „Нижеполе“ на Пелистер  со која стопанисува претпријатието. Кривично се гони и управител на приватна фирма од Битола. Веста на својот Фејсбук профил ја објави министерот за внатрешни работи […]

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево” Битола – набавил ратрак за 4,5 пати повисока цена


 Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево” Битола, соопштија денеска од МВР. Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена […]

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари


Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се […]

Доживотен затвор за кочанскиот монструм кој уби жена со 41 убод од нож


По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор. -Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши […]

Малолетник крадел автомобил во Tетово, па со него удрил во „голф“


Утрово во 2.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 1 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ […]

Проблематичен во Идризово – префрлен во Штип, таму толпа од 30 лица сакала да го линчува


Зулќуфли Нуредини од селото Батинци, познат во скопското подземје како Мали Репки е главниот актер во настаните што го одбележаа денот кога беа уапсени 17 припадници на затворската полиција во затворот Идризово. „Предметниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица од кои за пет постои основано сомнение дека во текот […]

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје: Oганот се проширил и кај соседите


Вчера околу 18.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Волт Дизни“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Ѓ.Д.(65) од Скопје, а биле зафатени и куќите на А.А.(36) од Скопје, Ф.Е.(55) од Скопје и на Е.Н., која се здобила со повреди и била префрлена во здравствена установа за укажување лекарска помош. Во […]

Приведени 17 затворски полицајци од КПД Затвор Идризово кои овозможија бегство на затвореник


Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово. -По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници […]

Загина мотоциклист, излетал на автопатот Скопје-Велес


Во неделата, на пладне, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот  Скопје– Велес, во близина на тунел Бадар, мотоцикл „дукати“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од Гостивар, излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди на местото на  несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од […]

Опремени со металдетектори биле затекнати во армискиот полигон Криволак


На 14.04.2024, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат  алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за […]

Во Загреб уапсен, па ослободен екс разузнавачот Горан Грујевски


Поранешниот разузнавач и началник на Петтата управа Горан Грујевски вчера бил уапсен во хрватскиот град Загреб, но потоа бил ослободен, потврдуваат од МВР. -Во текот на вчерашниот ден од страна на Интерпол – Хрватска добивме информација дека Г.Г. е приведен. Денеска, исто така од Интерпол Хрватска добивме известување дека го ослободиле Г.Г., велат од МВР […]

Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка


На експресниот пат Штип-Радовиш во близина на штипското село Лакавица се случила сообраќајна несреќа, во која има повредено едно лице и е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила во 18:05 часот кога товарно моторно возило „Фиат дукато“ излетало од коловозната лента. Возилото е управувано од […]

Вработен во Гинекологија „Чаир“ нападнат од две лица


Вработен како обезбедување во болница „Чаир“, 60-годишен скопјанец, бил нападнат од две лица.  – На 11.04.2024 во 18.50 часот во СВР Скопје, Ж.Д.(60) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на работното место како обезбедување во Јавна здравствена установа – Специјална болница по гинекологија и акушерство во Чаир бил физички нападнат од две лица, информираа […]

Краделе од возила во Аеродром – уапсени членови на група во која имало и малолетници


Полицијата утрово уапси две млади лица и двајца малолетници кои украле возило, но и краделе од автомобили на подрачјето на Аеродром.  – Денеска во 06.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје. […]

Кривична пријава против полициски службеник во РЦ за гранични работи Југ


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднел кривична пријава против З.Л., полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Југ, осомничен за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „посебни случаи на фалсификување исправи“, соопштија од МВР. – […]

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени


 На булеварот „Илинден“ во Тетово вечерва во 22 часот и 45 минути имало пукало од огнено оружје, а жител на градот пријавил дека е  пукано кон неговата куќа.   Од СВР Тетово велат дека засега немаат информации за повредени лица. -Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато […]

Со „југо“ им влетал во маса полна луѓе, па се истепале


Необичен настан се случил во Кочани кога во дворот на таткото на С.Т. влетало југо и се удрило во полна маса со луѓе. Веднаш по ударот семејствата на возачот и на тие удрените се истепале меѓусебно при што имало повредени. „На 10.04.2024 во 21.30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од […]

Загина повозрасен велосипедист во Скопје


Во сообраќајна несреќа, вчера попладне, загина 68-годишен скопјанец. – На 10.04.2024 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје. На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., […]