ЕСМ од денеска го презема управувањето со БЕГ


Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија. – Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ […]

Во вторник продолжуваат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија, ќе се бара компанија што нема да биде субвенционирана


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вечерва најави дека во вторник на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат разговорите за авиолинијата Скопје-Софија и оти ќе се бара компанија која ќе спроведува исплатливи рути, како на пример Скопје-Софија-Атина, со цел да се избегне нејзино субвенционирање. Тој вечерва во гостувањето во […]

ВМРО-ДПМНЕ треба да научи што е инфлација, вели Ковачевски


Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека Владата ги замрзна цените на основните продукти за да спречи ценовен шок од инфлацијата која сега се случува на светско ниво.  Донесовме одлука за замрзнување на цените, за да спречиме ценовен шок со порастот на цените на основните продукти за граѓаните. При […]

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија


Владата на денешната четврта седница го одобри текстот на Договор за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Северна Македонија (АД ЕСМ). – Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на […]

Кои 20 компании владеат со Интернет (инфографика)


Како што одминуваат годините, сè повеќе корисници на Интернет не се сеќаваат на фотографиите кои се вчитуваат пиксел по пиксел, ниту на звукот на 56k модем кој ги „пробива“ ушите или, пак, на раната доминација на некои веб-портали, од кои некои сега се минато. Многу од најдобрите веб-страници во 1998 година беа само агрегатори на […]

Скопје и Париз испишуваат ново поглавје со инвестиција од 270 милиони евра за соларен парк


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата земја, Сирил Бомгартнер, на која беше истакнато дека од 2020 година, по средбата на францускиот претседателот Емануел Макрон со поранешниот премиер Зоран Заев, Франција и Северна Македонија испишуваат ново поглавје на соработка кое се рефлектира со првата инвестиција со соларниот парк […]

Лагард: Пребрзото зголемување на каматните стапки би ја забавило економијата


Пребрзото зголемување на каматните стапки во еврозоната, вклучува ризици, и покрај значително повисоката инфлација, бидејќи економскиот раст би можел да забави, предупреди денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Доколку ЕЦБ ги зголеми каматните стапки денес, ефектот во синџирите на финансирање би бил видлив само за шест до девет месеци, рече Лагард во […]

ЕК: Повеќе од половина коментари на веб сајтови ги залажуваат потрошувачите


Анализа на Европската комисија утврди дека 55 отсто од веб сајтовите објавуваат коментари на корисници кои ги залажуваат потрошувачите, со што го прекршуваат и правото на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија, заедно со националните власти за заштита на потрошувачите во ЕУ, анализирале 223 сајтови што содржат коментари на корисници и заклучиле […]

Наместо за три дена, квалитетот на течните горива ќе знае за два часа


За проверка на квалитетот на течните горива во земјава отсега ќе бидат потребни два часа наместо досегашните три дена. Испитувањата ќе се прават во лабораторијата која работи во рамки на Бирото за метрологија. Лабораторијата е опремена со автоматизирана опрема со седум мерни инструменти и екипирана е со стручен кадар обучен за тестирање на повеќе од […]

Минималната плата ќе се зголеми во вториот квартал годинава


Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија. 

НБ: Инфлацијата лани достигна 3,2 отсто, основната каматна стапка останува 1,25 отсто


Инфлацијата минатата година изнесуваше 3,2 отсто, што е малку над проекциите од 3,1 отсто, соопшти Народната банка. На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, што се одржа на 18. јануари 2022 година било оценето дека последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика не упатува на тековна потреба од промена во основната […]

ЕСМ попладне треба да го достави до Владата договорот за соработка со БЕГ, од утре го презема управувањето


ЕСМ денеска попладне на владина седница треба да го достави Предлог-договорот за соработка со БЕГ и веќе од утре да го преземе управувањето со топлинската енергија. Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека греењето ќе биде продолжено до еден часот по полноќ и оти ќе нема намалување на температурата на греење. – Денеска попладне ќе […]

ССМ и Владата на средба на 24 јануари, „на маса“ минималната плата и недела неработен ден


Средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Владата ќе се одржи на 24 јануари и на неа ќе се разговара за барањата на синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден. Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади […]

Големите компании ги одложуваат летовите кон САД поради 5G


  Големите меѓународни авиокомпании ги откажаа летовите за САД или ги сменија авионите што ги користат во средата, што е најновата компликација во спорот поради загриженоста дека новата услуга за мобилни телефони 5G може да се меша со технологијата на авионите. Превозниците презедоа многу различни пристапи кон кризата што влијае на меѓународните патувања, бидејќи авиокомпанијата […]

Лабораторија за испитување на квалитетот на мазутот во Бирото за метрологија


Во просториите на Бирото за метрологија денеска ќе биде промовирана лабораторијата за испитување на квалитетот на мазутот. На настанот, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за економија Крешник Бектеши, директорката на Бирото за метрологија Мерита Мустафаи и в.д. директорката на Државен пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19


Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes. Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19. Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата. Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ. […]

Државните оператори за гас на Македонија и на Бугарија ќе ја продлабочуваат соработката


Извршните директори на Национални енергетски ерсурси (НЕР) АД Скопје Бајрам Реџепи и на Булгартрансгаз Владимир Малинов вчера на работна средба во Скопје дискутирале за можностите за продлабочување на соработката меѓу државните оператори за пренос на природен гас, како и за развојот на регионалниот пазар на природен гас, соопштија од НЕР АД Скопје. Оттаму истакнуваат дека […]

Големите авиокомпании откажуваат летови и ги менуваат авионите поради 5Г мрежата


Авиокомпаниите побрзаа да се реорганизираат или да откажат летови до САД поради загриженоста за безбедноста на летовите, по веста дека AT&T и Verizon денеска ќе започнат со воведување на безжична мрежа 5Г, иако двата оператори најавија дека ќе ја одложат таа активност во некои области. Американската федерална управа за воздухопловство (FAA) предупреди дека сигналите 5Г […]

Цените на нафтата на највисоко ниво од 2014 година


Цените на нафтата пораснаа четврти ден по ред и достигнаа највисоки нивоа од 2014 година. Ова е, меѓу другото, последица на тензиите на Блискиот Исток по нападот на јеменските Хути врз Обединетите Арапски Емирати, што може да го наруши снабдувањето од регионот. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,20 отсто на 88,55 долари, […]

„Фајзер“ оствари рекордни приходи, но сепак најави отпуштања


Се очекува „Фајзер“ да објави рекорден приход од над 80 милијарди долари за 2021 година, благодарение на големата продажба на вакцината против Ковид-19 што ја разви со BioNTech и нејзиниот орален лек за коронавирус, Paxlovid. Двата производи се продаваат директно на владите. Тоа е речиси двојно повеќе од вкупниот приход на „Фајзер“ во 2020 година, кој […]