„Фајзер“ оствари рекордни приходи, но сепак најави отпуштања


Се очекува „Фајзер“ да објави рекорден приход од над 80 милијарди долари за 2021 година, благодарение на големата продажба на вакцината против Ковид-19 што ја разви со BioNTech и нејзиниот орален лек за коронавирус, Paxlovid. Двата производи се продаваат директно на владите.

Тоа е речиси двојно повеќе од вкупниот приход на „Фајзер“ во 2020 година, кој изнесуваше 41,9 милијарди долари.

Во исто време, фирмата планира отпуштања меѓу своите продажни сили бидејќи многу лекари се преселуваат на онлајн состаноци и не се во канцеларија за да разговараат со претставници за продажба на фармацевтски производи, пренесува Банкар.ме.

„Го развиваме начинот на кој соработуваме со здравствените работници во сè подигиталниот свет“, рече извршниот директор на Pfizer, Алберт Бурла.

Компанијата сè уште не соопшти колку луѓе ќе бидат отпуштени.