Цените на нафтата на највисоко ниво од 2014 година

Цените на нафтата пораснаа четврти ден по ред и достигнаа највисоки нивоа од 2014 година.
Ова е, меѓу другото, последица на тензиите на Блискиот Исток по нападот на јеменските Хути врз Обединетите Арапски Емирати, што може да го наруши снабдувањето од регионот.
На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 1,20 отсто на 88,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,32 отсто на 86,55 долари.