Интервју со Таки Фити: Трите „зла“ во економијата се малку веројатни на краток рок истовремено


  Појавата на кризата условена од пандемијата со Ковид–19 во февруари 2020 година, предизвика силен краткорочен пад на економската активност и намалување на цената на енергијата во глобални рамки. Меѓутоа, во 2021 година, паралелно со процесот на заздравување на економиите, цените на енергенсите, во прв ред на природниот гас и на електричната енергија, почнаа брзо […]

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава до 28 јануари 2022


Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува за три работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28 јануари 2022 година. Како што соопшти Управата за јавни приходи, рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава е согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, […]

Ковачевски – Азески: Комората ќе ја повлече иницијативата пред Уставен суд за недела неработен ден


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски со економскиот тим на средбата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, членовите на Управниот одбор и најистакнатите стопанственици во државата ја истакна важноста од континуираната соработка, партнерски однос со деловната заедница сè со цел постигнување повисоки стапки на економски раст и решавање на предизвиците од енергетската […]

ЕСМ го презема управувањето и со топланата Скопје Север


Владата на денешната петта седница го одобри Договорот за деловно-техничка соработка со кој се регулираат меѓусебните права и обврски на Прокуристот како застапник на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), со што ЕСМ ќе се стекне со право да управува со сите деловни активности на топланата Скопје Север АД – Скопје, со сите трансакциски сметки на […]

Светската економска елита во мај на Форумот во Давос


Швајцарија– Светскиот економски форум (WEF) од 22 до 26 мај ќе го одржи годишниот состанок во швајцарското планинско одморалиште Давос, потврди денеска организацијата. Средбата традиционално се одржува на крајот на јануари, но во декември беше одложена поради ширењето на сојот Омикрон. Традиционално, во Давос учествуваат банкари, политичари, активисти, милијардери  и славни личности од целиот свет.

НБ: Лани во декември годишен раст од 7,8 отсто на вкупните депозити и 8,3 отсто на вкупните кредити


Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). -Во декември 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната […]

Именувани тројца нови членови на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, меѓу кои и Антонио Аргир


На вчерашниот прв состанок на Надзорниот одбор на НЛБ д.д Љубљана годинава, членовите се фокусираа на имплементација на стратегијата на НЛБ Групацијата и статусот на вклучување на факторите за управување со еколошките и социјални аспекти во деловниот модел на НЛБ Групацијата. На седницата, Надзорниот одбор назначи и тројца нови членови на Управниот одбор, со што […]

ССМ: Предметот за стечај на штипска „Баргала“ се враќа на повторно судење во Основниот суд


Апелацискиот суд во Штип ја усвои жалбата на Сојузот на синдикати на Македонија и решението на Основниот суд за предметот преку кој работниците како предлагачи побараа отварање на стечајна постапка над должникот  – фабриката за чевли АД „Баргала“. Сојузот на синдикатите на Македонија преку писмено соопштение информираат дека предметот е вратен на повторно судење во […]

Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север


Владата ќе префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе управувањето, дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија за град Скопје за целата грејна сезона од моменталниот носител на лиценцата БЕГ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Овие средства, како што кажа при денешната посета на општина Сарај, ќе […]

Просечната нето плата во ноември 29.130 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29.130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4  проценти), […]

Акциите на „Рио Тинто“ изгубија од вредноста откако Србија ѝ го откажа истражувањето на литиум


Акциите на компанијата „Рио Тинто“ денеска забележаа пад, откако Србија вчера донесе долука за укинување на нејзините лиценци за истражување на литиум во земјата поради еколошката загриженост, што им наштети на амбициите на оваа англо-австралиска компанија да стане најголемиот европски снабдувач на металот што се користи во електричните возила. Одлуката на Србија доаѓа во момент […]

Бектеши: Ќе имаме година на економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската криза


Тековнава 2022 година ќе биде рекордна година во делот на капитални инвестиции и ќе имаме економски бум доколку во првиот квартал се надмине енергетската и економската криза, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Предлогот на министерот за финансии Фатмир Бесими е 14,5 отсто од Буџетот да се искористат за капитални инвестиции и затоа најверојатно […]

Бугарскиот министер за туризам против рампа за влез на туристи од Македонија, Србија, Турција и Израел


Министерот за туризам во Бугарија, Христо Проданов повика на строга контрола при влез во земјата, но да не се затвора пристапот до бугарските зимски центри за туристите од Северна Македонија, Србија, Турција и Израел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Проданов вели дека од овие земји се направени над 100.000 резервации за следните […]

Империјата „Мајкрософт“: Компании кои беа купени за повеќе од милијарда долари


Најавата за купување на Activision Blizzard од страна на „Мајкрософт“ предизвика голема бура на ИТ пазарот. Сепак, иако ќе биде најголемата досега, тоа не е единствената голема аквизиција на компанијата од Редмонд. во американската држава Вашингтон. „Мајкрософт“ е основан во 1975 година и во текот на сите овие години собра голем број компании, бизниси и услуги. […]

„Пари“: Најголемите даночни должници се на иста адреса и наскоро треба да се избришат


Порталот „Пари“ направи нова анализа која се однесува на најголемите должници во земјава. Она што е особено интересно е што три од најголемите пет должници се на иста адреса. Управата за јавни приходи редовно ја објавува листата на должници. Последната објавена е за долгови доспеани до 30.09.2021 и неплатени до 31.12.2021 година по основ на […]

Четириесет и шест пријави до „Гласен текстилец“ за неисплатен К-15


  Работници од 62 фирми низ земјава пријавиле до НВО „Гласен текстилец“ дека не им е исплатено или добиле минимален износ од 100 или 500 денари регрес за годишен одмор, познат како К-15. Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“ вели дека пријави имаат од Штип, Скопје, Куманово, но и од останатите градови низ земјава. Според нивните податоци, […]

Германија годишно ќе привлекува по 400.000 квалификувани работници од странство


Германија– Новата германска коалициска Влада сака секоја година од странство да привлекува по 400.000 квалификувани работници, со што смета дека би го решила проблемот со демографската нерамнотежа и недостигот на работници во клучните сектори, проблем кој би можел да го забави економското закрепнување по пандемијата. – Недостигот од стручна работна сила стана толку сериозен, па драматично […]

Пад на акциите на Волстрит, трет ден по ред


САД – Цените на акциите на Волстрит вчера значително паднаа, трет ден по ред, па трета недела по ред се со загуби, додека инвеститорите се подготвуваат да ги зголемат каматните стапки на Федералните резерви на САД. Индексот Дау Џонс падна за 313 поени или 0.89 отсто, на 34.715 поени. S&P 500 се лизна за 1.10 отсто […]

Нетфликс со поголем профит, но со пад на акциите


САД– Акциите на популарната стриминг страница, Нетфликс вчера за неколку часа паднаа за речиси 20 отсто, откако кварталниот извештај на компанијата покажа дека растот на претплатниците е под очекувањата. Како што јави ДПА, Нетфликс во четвртиот квартал додаде 8.28 милиони нови претплатници на глобално ниво,или малку под сопствената прогноза од 8.50 милиони, и периодот го […]

Светската банка и додели заем на Јужна Африка од 750 милиони долари за закрепнување од последиците на Ковид-19


Јужна Африка– Светската банка одобри заем од 750 милиони американски долари за Јужна Африка поврзан со закрепнувањето на земјата, посебно за заштитата на сиромашните и поддршка на економското закрепнување на земјата по пандемијата со Ковид-19 , соопшти денеска Министерството за финансии на Јужна Африка. Јужна Африка, втората по големина економија на континентот, е силно погодена од […]