Берзата во голем пад, МБИ10 потона 2,89 отсто, на што се должи тоа


Голем пад на берзанскиот индекс МБИ10 од 2,89 отсто забележа денеска на Македонската берза. На крајот на тргувањето МБИ10 застана на 6.149,97 поени, за цели 183 поени подолу во однос на крајот на тргувањето во петокот. Во „црвено“ беа акциите на сите десет компании кои го сочинуваат индексот, при што најголеми промени имаше кај акциите […]

Економиите за време на пандемијата – победници и губитници


Иако пандемијата на корона вирусот сè уште не е завршена, многу економии на земјите-членки на Организацијата за меѓународна економска соработка и развој (ОЕЦД) се враќаат во нормала по катастрофалната 2020 година. Во својата анализа, The Economist ги погледна економските победници и губитници од пандемијата. Беа собрани податоци за пет економски и финансиски показатели – БДП, […]

На нуклеарките отпаѓа една четвртина од вкупното производството на електрична енергија во ЕУ


Нуклеарната енергија во ЕУ се произведува во 13 земји-членки, а најголем производител е Франција, која од реакторите покрива повеќе од половина од вкупното производство. Во 2020 година, 13 земји-членки на ЕУ произвеле 683.512 GWh во нуклеарните централи, или речиси 25 отсто од вкупното производство на електрична енергија во Унијата, покажуваат податоците на Евростат. Уделот на […]

Горивата поскапуваат по два денара за литар


Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР […]

Работната група за железничко поврзување со Бугарија ќе се состанува најмалку четири пати годишно


Владата денеска на седница го разгледа и прифати усогласениот текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“, што се очекува да биде потпишан за време на заедничката седница на двете влади која ќе се одржи утре во Софија. -Со документот се изразува согласност за формирање […]

ССМ: Владата ја одложи средбата за 31 јануари


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека средбата со Владата што требаше да се одржи денеска е одложена за 31 јануари 2022. Како што најавува ССМ, во петок ќе бидат свикани сите тела на Сојузот за да се активираат штрајкувачките одбори. -На разочарување на работниците, средба помеѓу Владата и ССМ закажана за денеска се […]

Американските компании се загрижени поради недостиг на работна сила поради Ковид-19


Американските компании ја завршиле годината со силни резултати, но се загрижени за продолжување на инфекциите со Ковид-19, иако се очекува да се намалат проблемите со снабдувањето, покажа студија објавена денеска. Малку повеќе од една третина од економистите на компаниите наведуваат дека најголем ризик за изгледите за раст е зголемувањето на случаите на Ковид-19, пред растот на цените, според кварталното истражување на Националната асоцијација […]

Барел нафта е речиси 90 долари


Цените на нафтата пораснаа во азиската трговија денеска поради загриженоста за прекини во снабдувањето и растечките тензии во Источна Европа и Блискиот Исток, што дополнително ја влошува и онака затегнатата ситуација со снабдувањето. Фјучерсите на северноморската сирова нафта брент (фјучерси по однапред договорена цена) се зголемија за 81 цент или 0,9 отсто на 88,70 долари […]

Стопанската комора на чело на Платформата за јавно-приватен дијалог


Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор посÑ �ојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но, и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува, вели претседателот на Стопанската […]

,,Пари”: Корона, повисоки цени, ниски пензии, како пензионерите ја преживеаа 2021 година?


Во јануари лани Фондот за пензиско и инвалидско осигурување изброја  323.503 корисници на пензија. Ни малку не беше лесна година за сите граѓани, а камоли за пензионерите кои освен што половина од нив имаат месечни примања до 14.000 денари, мораше да внимаваат и да не се разболат од корона поради и така хроничните болести со […]

Зимска бајка во Ист Гејт Мол: Уникатна забава, уживање и шопинг за сите генерации


Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската театарска куклена претстава „Лакомата меца“. Професионалните актери од Театарот за деца и младинци, со својата изведба, како и со читањето на некои од омилените бајки […]

Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство


Две третини од реколтата тутун се веќе откупени. Според Сојузот на земјоделски здруженија, откупните претпријатија имаат преземено над 15.000 тони, а просечната цена е 194 денари за килограм. Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски вели дека откупот непречено се одвива и со овој интензитет може да заврши пред рокот, кон средината на февруари. -Откупени се преку 15.000 тони и реколтата е помала […]

Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст


Потребно е да се дизајнираат и развијат сет на комплементарни политики и мерки од страна на релевантните владини институции, со цел да се зголеми потенцијалот на женското претприемништво. Проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ кој го спроведува Центарот за управување со промени е поддржан од Balkan Trust for Democracy и имаше токму […]

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 проценти повисока дневница


Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека законските решенија за недела неработен ден ќе  придонесат за зголемување на продуктивноста и за унапредување на стопанството. При денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ тој поррача дека сите оние кои што работат во недела мора да добиваат најмалку 50 проценти повисока дневница „Ова е одлична можност да се види […]

Германската економија претрпе големи штети од почетокот на пандемијата


Германската економија претрпе огромни штети од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Институтот за германска економија (ИВ) во Келн. – Од почетокот на пандемијата, германската економија загуби 350 милијарди евра додадена вредност, главно поради драстично намалената приватна потрошувачка, се вели во извештајот на ИВ кој го пренесуваат германските медиуми. Според прогнозата, дури и ако БДП ги достигне нивоата […]

БЕГ: Ниту килограм мазут нема да се потроши и плати, набавката е законска обврска за обезбедување резерви


Согласно член 153 од Закон за енергетика, Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ како регулиран производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната сезона да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет, соопштија од БЕГ. Оттаму додадоа дека според таа обврска, […]

Ден пред преземањето БЕГ склучил договор за мазут од 40 милиони евра


Само ден пред преземањето на управувањето на топлинската енергија од ЕСМ, компанијата БЕГ склучила договор во вредност од 40 милиони евра за набавка на 52.1 милиони килограми мазут со фирмата РКМ на бизнисменот Ратко Капушевски, известува ТВ21. Договорот бил постигнат преку рамковна спогодба на 20 јануари годинава по цена од 39.26 денари за килограм мазут, кој […]

Потпишани 900 договори за давање во закуп на државно земјоделско земјиште


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска потпиша нови 900 договори за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo три хектари. Овие договори се за двата јавни повици објавени во август 2021 година за површини во Битола, Македонски Брод, Виница, Делчево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Кратово, Кавадарци, Росоман, […]

ЕСМ ги потпиша договорите со БЕГ, објавени детали


– АД ЕСМ ги потпиша договорите за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на Балкан Енерџи (Производство, Дистрибуција и Снабдување). Од компанијата соопштија детали од потпишаните договори. Договорот предвидува влегување на АД ЕСМ во раководењето на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје преку назначување прокуристи, лица вработени во АД ЕСМ, чиј потпис ќе биде врзан со потписот […]

Димовски: Зголемувањето на минималната плата е егзистенцијална потреба


 Потребата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е реална и егзистенцијална за работниците. Аргументите се на наша страна и не гледам причина да не биде прифатено нашето барање, вели во интервју за МИА претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Во интервјуто што во целост ќе биде објавено утре, Димовски посочува дека ваквото барање е […]