Барел нафта е речиси 90 долари


Цените на нафтата пораснаа во азиската трговија денеска поради загриженоста за прекини во снабдувањето и растечките тензии во Источна Европа и Блискиот Исток, што дополнително ја влошува и онака затегнатата ситуација со снабдувањето.

Фјучерсите на северноморската сирова нафта брент (фјучерси по однапред договорена цена) се зголемија за 81 цент или 0,9 отсто на 88,70 долари за барел во тргувањето до 03:44 часот по средноевропско време, со што се смени загубата од 0,6 отсто забележана во петокот.
Ројтерс објави дека фјучерсите на американската сурова нафта WTI се зголемија за 72 центи, исто така 0,9 отсто, на 85,86 долари за барел, откако паднаа за 0,5 отсто во петокот.