Стопанската комора на чело на Платформата за јавно-приватен дијалог


Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор посÑ �ојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но, и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува, вели претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески.

Азески информира дека Стопанската комора е на чело на Платформата за јавно-приватен дијалог во која членуваат и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

Платформата е формирана на 9 мај 2018 година во рамки на проект на УСАИД, а нејзината цел е да се зајакне јавно-приватниот дијалог во процесот на подготовка на донесување закони и други прописи поврзани со работењето на бизнисот.

-Харолд Вилсон, британскиот премиер од 70-тите години, ние „коморџиите“ ќе го запамтиме по неговата легендарна изјава во која рекол: „Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирањето на законите, отколку како противник во нивната примена“. Но сѐ уште не е роден лидер кој ќе ја каже формулата за тоа, бидејќи јасно е дека тоа танцување меѓу јавниот и приватниот сектор изгледа како еден пар кој повеќе се гази преку чевлите, отколку што танцува. Ако не знаете зашто, тоа е за парите. Прашањето сега е следно: зошто овој принцип не може да функционира како што е запишано. Во светот на ова прашање ќе најдеме илјадници одговори, но ајде ние да ги оставиме компаративните анализи настрана и да видиме како е кај нас, вели Азески.

Според него, Платформата понуди метод на постојана комуникација меѓу коморите, но и поодговорен однос на Владата, претставена од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања. Средбите се однапред закажани секој месец, последниот петок, методологијата на работа е однапред утврдена, а резултат на сето тоа е завршување на проектот на УСАИД и продолжување со работа на Платформата како постојана институција во интерес на бизнисот.

-Секогаш си го поставувам прашањето зошто мора некој однадвор постојано да нѐ организира и да нѐ тера на соработка. Во нашиот случај тоа е многу едноставно бидејќи бизнисот е сечиј интерес. Но, и во такви услови постои блокада на сфаќањата дека тоа мора да се негува и да се надградува. Затоа го изразувам своето задоволство што во наредниот период ќе претседаваме со оваа платформа и уверувам дека ќе направиме сѐ тоа да биде на највисоко професионално ниво и во интерес на севкупниот бизнис во нашата држава, наведува Азески.