Светската економска елита во мај на Форумот во Давос


Швајцарија– Светскиот економски форум (WEF) од 22 до 26 мај ќе го одржи годишниот состанок во швајцарското планинско одморалиште Давос, потврди денеска организацијата.

Средбата традиционално се одржува на крајот на јануари, но во декември беше одложена поради ширењето на сојот Омикрон.

Традиционално, во Давос учествуваат банкари, политичари, активисти, милијардери  и славни личности од целиот свет.