ЕУ подготвува итен план за опстанок без руски гас


Белгија- Европската комисија најави создавање итен план со цел да им помогне на земјите-членки на ЕУ да се справат без руски енергетски извори, пренесува Скај Њуз. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен синоќа изјави дека станува збор за иницијатива која го продолжува планот на ЕУ за ослободување од зависноста од рускиот јаглен, гас […]

Намален бројот на работници во индустријата


Бројот на работниците во индустријата во мај 2022 година, во однос на мај лани е намален за 1.7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.   Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со првите пет месеци од минатата година бројот на работници е помал за два отсто.   Бројот на работниците во секторот Рударство […]

Лани евидентирани 739 дивоградби


Во текот на 2021 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 739 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.   Според видот на објектот, бесправно се изградени 210 објекти за домување (28.4 %), 102 доградби, надградби и адаптации (13.8 %), 73 деловни објекти (9.9 %), 29 гаражи (3.9 %), 128 […]

Десетти ден расправа за ребалансот на Буџетот на Комисијата за финансирање и буџет


Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја продолжат амандманската расправа за ребалансот на буџетот за оваа година. Согласно Деловникот за работа, амандманската расправа трае десет дена и се очекува да заврши денеска. Расправата за ребалансот на Буџетот за 2022 година почна на 13 јуни година. Ребалансот на државната каса, како што […]

„Северен ток“ во ремонт – нема испорака на гас од 11 до 21 јули


Двете линии на гасоводот „Северен ток“ ќе бидат затворени поради годишно редовно одржување од 11 до 21 јули, соопшти денеска операторот на гасоводот „Северен ток АГ“. „Од 11 до 21 јули 2022 година, Nord Stream AG привремено ќе ги затвори двете линии на својот гасовод заради редовно одржување, вклучително и тестирање на механички елементи и […]

Инфлацијата во еврозоната со нов рекорд – во јуни се искачи на 8,6 отсто, во Естонија дури 22 отсто


Инфлацијата во еврозоната достигна нов рекорд во јуни, непосредно пред првото зголемување на каматните стапки на Европската централна банка (ЕЦБ) во последните 11 години. Стапката на инфлација во зоната на единствената валута минатиот месец изнесуваше 8,6 отсто на годишно ниво, наспроти 8,1 отсто во мај, покажува денешната прелиминарна проценка на европската статистичка служба Евростат. Ова […]

Денеска разгледани 50 амандмани за ребалансот на Буџетот, ниту еден не беше прифатен


Во Собранието попладнево на седницата на Комисијата за финансирање и буџет продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот за оваа година. Ова е деветти ден од амандманската расправа, која ќе продолжи утре во 11 часот. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку предложените амандмани се обидува, како што рекоа, во повеќе области да ги придвижат работите во корист на […]

ЕБОР одобри 25 милиони евра кредит за изградба на големи фотоволтаични централи во Осломеј и во Битола


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри 25 милиони евра на ЕСМ за изградба на 30 MW фотоволтаици (ФВ), проект кој се состои од 10 MW фотоволтаици поставени на веќе експлоатираниот рудник за јаглен на Термо-електричната централа Осломеј и 20 MW до Термо-електричната централа Битола. Европската унија (ЕУ) исто така го поддржува овој развоен […]

Пивара Скопје ја продолжува 100 годишната традиција на иновации и инвестиции кои носат придобивки за вработените, купувачите, консументите и заедницата


Во чест на 100-годишниот јубилеј, Пивара Скопје, заедно со своите вработени, ја одбележа реализацијата на новите инвестиции во најсовремена опрема и технологија, кои овозможуваат натамошна модернизација на компанијата и го поддржуваат нејзиниот долгорочен одржлив развој. Најновите инвестиции во модернизација на компанијата, вредни 10,7 милиони евра, се во напредна опрема и технологии кои се инсталирани во […]

ЕБОР и ЕУ ќе го финансираат патот од Скопје до Косовската граница


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) финансираат нов дел од автопатот во Северна Македонија, од главниот град Скопје до надвозникот кај Блаце, во близина на границата со Косово. Новиот пат ќе обезбеди побрза и полесна конекција за трговијата и граѓаните, соопштија од ЕБОР. Кредитот во износ од 167,6 милиони евра […]

Промовирана p2p.mk – онлајн платформа за поврзување со инвеститори


Пред македонската јавност беше презентирана првата P2P онлајн платформа која ќе го олесни пристапот до изворите за финансирање кој е еден од темелните проблеми со кои се среќаваат бројни субјекти особено во банкоцентричните финансиски системи, каков што има и Македонија. „Предизвик е да се работи на македонска P2P платформа, концепт кој е реално нов на […]

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1 ) за 2,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 104 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 103 денари за литар. Малопродажните цени […]

„Каирос“ – ново меѓународно научно списание


Излезе прв број на Каирос – меѓународно научно списание со отворен пристап и форум за размена на знаења и идеи помеѓу членови на академската заедница, истражувачи, експерти, студенти и други стручни лица од областа на медиумите и комуникациите. Издавач на списанието е Институтот за комуникациски студии. Тоа ќе биде посветено на актуелните прашања и на идните […]

„Визер“ е прогласена за најодржлива ниско-буџетна авиокомпанија на World finance sustainability awards 2022


Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, е прогласена за најодржлива нискобуџетна авиокомпанија на World Finance Sustainability Awards 2022 година, соопштија од компанијата. World Finance им честиташе на победниците што помогнаа да се донесат трансформативни промени, а особено ја пофали континуираната посветеност на Wizz Air за одржливост, особено нејзината амбициозна програма за обновување на возниот […]

„Блумберг Адриа“ официјално почнува со работа денеска


„Блумберг Адриа“, првата пан-регионална, мултиплатформска мрежа за деловни вести во Југоисточна Европа официјално стартува денеска, 1. јули 2022 година. Содржината најпрво ќе биде достапна на дигиталната платформа, додека телевизијата ќе почне со со работа наредната недела. Новата информативна мрежа – фокусирана на деловни и финансиски вести ќе започне истовремено на пет пазари преку нејзините уреднички […]

Сертификат за деловна успешност добија 30 реномирани компании


Триесет претпријатија од различни дејности го активираат Сертификатот за деловна успешност со што се потврдува дека имаат достигнато висока бонитетна оцена А и Б за 2021 година. Подигнувањето на официјалниот документ беше организирано на настан во Сојузот на стопански комори на Македонија, а сертификатите ги врачија претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и косопственик на „Таргет […]

За мај плата не добиле над 16 илјади вработени, за други 10 илјади не се поднесени ниту пресметки


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, изјави денеска дека за мај годинава, 6.250 работодавачи за 16.722 работници поднеселе МП пресметки, но немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5.211 работодавачи за 10.390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок. „Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот […]

(Видео) Лукаревска: Од 1 јануари 2023 ќе се зголеми лимитот на повратот за ДДВ


Од 1 јануари 2023 година ќе се зголеми лимитот на повратот за ДДВ, преку апликацијата „Мој ДДВ“ со што граѓаните наместо најмногу 1.800 денари за едно тромесечје како сега, ќе можат да се добијат до 2100 денари за скенираните сметки. Оваа информација денеска на прес конференција ја соопшти директорката на Управата за јавни приходи Сања […]

Народната банка донесе мерки за стимулирање на денарското штедење во банките


Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто на 5 отсто, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска […]

Американците ги повикуваат „Епл“ и „Гугл“ да го отстранат „ТикТок“


Републиканскиот повереник на Федералната комисија за комуникации (FCC), Брендан Кар, на Твитер ги повика „Епл“ и „Гугл“ да го забранат „ТикТок“ на нивните онлајн продавници. Како што напиша тој во јавното писмо, кинеската социјална мрежа претставува „неприфатлива закана за националната безбедност“. Така, „ТикТок“, моментално најраспространетата социјална мрежа, повторно се најде на удар на американските носители […]