„Визер“ е прогласена за најодржлива ниско-буџетна авиокомпанија на World finance sustainability awards 2022


Фото: Б. Грданоски

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија во Европа, е прогласена за најодржлива нискобуџетна авиокомпанија на World Finance Sustainability Awards 2022 година, соопштија од компанијата.

World Finance им честиташе на победниците што помогнаа да се донесат трансформативни промени, а особено ја пофали континуираната посветеност на Wizz Air за одржливост, особено нејзината амбициозна програма за обновување на возниот парк и други иницијативи за заштеда на гориво. Авиокомпанијата е горда што има најниски емисии на јаглерод по патнички километар во Европа и вети дополнително намалување на емисиите за 25% до 2030 година, во споредба со нивото од 2019 година.

Составен елемент на стратегијата за одржливост на Wizz Air е нивната флота на Airbus, која е една од најновите во Европа и моментално се состои од 154 авиони со просечна старост од 4,93 години. Имплементирајќи ги најновите технологии во воздухопловството, авионот Airbus А321neo нуди 50% намалување на бучавата, 20% намалување на потрошувачката на гориво и 50% намалување на емисиите на азотни оксиди, во споредба со претходните модели на авиони. Wizz Air, исто така, неодамна потпиша Меморандум за соработка со Airbus, за да го истражи потенцијалот на високо ефикасни, ултра евтини авиони на водороден погон.

Сега во својата четврта година, World Finance Sustainability Awards ги прославуваат компаниите кои ги ставаат еколошките вредности во првите редови на нивните деловни операции. Наградите се протегаат низ триесет различни индустриски сегменти, покривајќи сè, од здравствена заштита до дигитална валута и авијација.