За мај плата не добиле над 16 илјади вработени, за други 10 илјади не се поднесени ниту пресметки


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, изјави денеска дека за мај годинава, 6.250 работодавачи за 16.722 работници поднеселе МП пресметки, но немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5.211 работодавачи за 10.390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок.

„Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот на тој рок пуштаме блокади во банките, исто така, навремено информираме и до Државниот инспекторат за труд за координирани контроли, ја доставивме веќе таа листа на компании и имаме доставени решенија за службено утврдување на долг заради неподнесена МП пресметка, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференција посеветена на три години „Мој ДДВ“.

Таа оцени дека е жално што секој месец мора да се објавуваат вакви податоци, наместо да се има почиста слика.