„Северен ток“ во ремонт – нема испорака на гас од 11 до 21 јули


Двете линии на гасоводот „Северен ток“ ќе бидат затворени поради годишно редовно одржување од 11 до 21 јули, соопшти денеска операторот на гасоводот „Северен ток АГ“.

„Од 11 до 21 јули 2022 година, Nord Stream AG привремено ќе ги затвори двете линии на својот гасовод заради редовно одржување, вклучително и тестирање на механички елементи и системи за автоматизација за да се обезбеди сигурно, безбедно и ефикасно функционирање на гасоводот“, соопшти компанијата, пренесе агенцијата Тасс.

Операторот на гасоводот додаде дека распоредот за активности за одржување на гасоводот ќе се спроведува во тесна координација со производствените и преработувачките компании, партнери на „Северен ток“.