Германската влада ја зголеми прогнозата за раст на БДП за годинава


  Германската економија се очекува да порасне за само 0,2 отсто оваа година, соопшти владата во својот годишен извештај што ќе биде објавен во среда во Берлин – што е подобрување во однос на претходната проценка. Прогнозата е подобра од есенската прогноза за пад на бруто домашниот производ за целата 2023 година. Владата во средината […]

Извозот на американско оружје е зголемен за 49 отсто во фискалната 2022 година


  Продажбата на американско воено оружје на странски влади се зголеми за 49 отсто на 205,6 милијарди долари во фискалната 2022 година, објави денеска американскиот Стејт департмент. Меѓу одобрените продажби во годината беа продажбата на борбени авиони Ф-15ИД во вредност од 13,9 милијарди долари на Индонезија, продажба на повеќенаменски борбени бродови на Грција во вредност […]

Пилешкото поскапо од телешкото


Зошто вртоглаво пораснаа цените на пилешкото и мисиркиното месо? Ова е прашање кое се почесто го поставуваат незадоволните потрошувачи, бидејќи и без помош на статистичарите, забележуваат дека за иста количина од овие прехранбени артикли треба да се одвојат се повеќе денари денес. Долго време живиното месо, особено пилешкото, беше најдостапно за просечните и посиромашните потрошувачи […]

Маричиќ од Брисел: Со пристапните преговори го отвораме внатрешниот пазар на ЕУ за македонските компании


Преговорите со ЕУ носат подобра заштита на потрошувачите, брендирање и подобро позиционирање на македонските компании на внатрешниот пазар на ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на отворањето на денешниот билатерален скрининг за Поглавјето 7, „Право на интелектуална сопственост“. Пред претставниците на Европската комисија, Маричиќ изрази надеж дека до крајот на оваа година ќе […]

Продолжен рокот за поднесување ДДВ-04 пријава


За два дена се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 и новиот краен рок е 27 јануари (петок). – Со оглед  на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува за два работни дена согласно […]

ЕСМ продаде 3.390 мегават часови струја како ноќни вишоци од почетокот на месецов


  Од почетокот на годината се произведени и продадени вкупно 3.390 мегават часови електрична енергија како ноќни вишоци, од кои 1.140 по цена од 103 евра по мегават час и 2.540 по цена од 98 евра по мегаватачас, информираше денеска владиниот соработник за енергетика Виктор Андонов, истакнувајќи дека тие количества се продадени во транспарентна постапка […]

„Макпетрол“: Не сакаме да бидеме параван во тендери за гас што фаворизираат една компанија


  Компанијата „Макпетрол“ соопшти дека нема да учествува на јавните повици за набавка на гас. Соопштението до медиумите го пренесуваме  во целост: И покрај големите најави за либерализација на веќе либерализираниот пазар со природен гас, изминатиов период сме сведоци на фаворизирање на една компанија при набавката на гас и од таа причина „Макпетрол“ одлучи да […]

Поддршка за поголем извозен потенцијал на компаниите од југоисточниот регион


  Стопанската комора на Северна Македонија во согласност со својата стратешка определба продолжува со промоција на активностите за поддршка на извозните капацитети и конкурентност на македонските компании, кои се остваруваат во рамки на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, во партнерство со Американсата агенција за меѓународен развој – УСАИД, кој се реализира три […]

Од фирмите што работат во недела собрани 94 милиони денари данок


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска информира дека се собрани околу 94 милиони денари од данокот на фирмите кои работеа во недела. Тие средства ќе се трошат за фонд за развој и за човечки капитал, но тоа не значи и раст на платите. Според Бесими, ставката за плати е јасна. Дефинирана е во Буџетот […]

Зголемен обем на активности кај давателите на финансиска едукација


  Народната банка во декември 2022 година спроведе Анкета за активностите за финансиска едукација во текот на изминатата година спроведени од страна на регулаторните институции, како и субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор кои се вклучени во финансиската едукација. Според резултатите од Анкетата активностите за финансиска едукација во текот на минатата година се зголемени кај […]

Нема случаи на корупција и злоупотреба на финансиските средства од Светска банка, вели Паолучи


  Во активното портфолио на Северна Македонија со кое управуваме сега, нема случаи на корупција и злоупотреба на финансиските средства, рече денеска директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилијано Паолучи. Како што истакна Паолучи, средствата се спроведуваат според правилата за јавни набавки на Светската банка, кои се усогласени со принципите за ефикасност, ефективност, […]

(Во живо) Прес-конференција на портпаролите на Владата и соработникот за енергетика Андонов


Проследете jа прес-конференцијата на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа и Виктор Андонов, соработник за енергетика во Канцеларијата на премиерот Ковачевски.  

Да го оставиме Министерството за финансии без вработени? Бесими објаснува зошто се зголемени платите


  Бројот на вработените во Министерството за финансии (МФ) е речиси преполовен. Раководители на сектори даваат откази, едноставно си одат. На друго место добиваат повеќе можности и подобри услови. Министерството за финансии беше и единствениот пример во целата државна администрација кое имаше пониска плата од органите во состав – УЈП и Царинската управа. Вака ресорниот […]

ДЗР: Отсуствува систем за користење на ЕУ фондовите за кофинансирање стратешки проекти


  Отсуствува систем за користење на ЕУ фондовите за кофинансирање на стратешки проекти, констатира Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на успешност на тема „Процес на добивање и користење на средства од Инструментот Инвестициска рамка на Западен Балкан (WBIF)“ согласно Годишната програма за работа со цел да се даде одговор на прашањето: „Дали е […]

Со 24,9 милиони евра ќе се воспостават три нови информациски системи за управување со јавните финансии


  Преку проект во вредност од 24,9 милиони евра ќе се воспостават три нови информациски системи со кои ќе се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и ќе се зголеми ефективноста на администрирањето на приходите. Дваесет милиони евра се заем од Светската банка, а 4,9 милиони евра се грант од ЕУ што ќе се администрира преку СБ. […]

„Пари“: Во Македонија лани се отворени 8.665 фирми, речиси идентичен број како и во 2021


  Минатата година, пред руско-украинската војна, се негуваа големи надежи дека ќе има раст на вложувања и економски развој што ќе нѐ врати во претпандемискиот период, но динамиката на отворање на фирми се задржа на нивото од 2021 година. Во 2022 година, отворени се 8.665 нови фирми, а во 2021 година биле отворени 8.662, покажуваат […]

Потпишување договори за проектот за градење отчетни институции за управување со јавните финансии


  Министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи денеска ќе потпишат договори за реализација на проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии. Целта на проектот е да се подобри ефикасноста, транспарентноста и одржливоста на јавните расходи и да се зголеми […]

Американската влада го тужи „Гугл“ за монопол на дигиталните реклами


  Американското Министерството за правда и повеќе држави, вклучително Калифорнија, Њујорк, Колорадо и Вирџинија, поднесоа тужба против „Гугл“, тврдејќи дека незаконски го монополизирал пазарот за онлајн реклами преку долгогодишна практика на самозастапување, антиконкурентни аквизиции и принудување бизниси да користат повеќе производи и услуги што ги нуди, пишува американското издание на „Политико“. Министерството за правда и […]

Ќе се формира Државен пазарен и технички инспекторат, одлучи Владата


Владата на денешната седница го задолжи Министерството за економија да го спроведе Планот за негова реорганизација кој, меѓу другото, предвидува спојување на Државниот пазарен инспекторат со Државниот инспекторат за техничка инспекција и формирање единствена институција од типот на инспекциски надзор, подредена на Министерството за економија – Државен пазарен и технички инспекторат. Според овој пример, предвидени […]

Јавниот сектор под лупа на финансиската инспекција


  Пратениците во рамки на денешната 99.седница на Собранието со 54 гласа „за“ го усвоија Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор и со 55 гласа „за“ Законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола. Целта на Законот за финансиска инспекција во јавниот сектор е заштита на финансиските интереси на субјектите од јавниот […]