Интернационални манекенки од светските модни писти пристигнуваат во „Тиквеш“ (фото)


  Атрактивниот светски модел Гошиа Гузовска заедно со две интернационални манекенки ќе ја промовираат најголемата македонска винарница „Тиквеш“ на домашниот и светските пазари. Во уникатниот амбиент на винскиот подрум на винарската визба „Тиквеш“ беше организирана ексклузивна фото-сесија со овие модели од светските модни писти. Полската убавица Гошиа Гузовска има светска манекенска кариера и настапува за […]

Истражување: Македонците месечно трошат 900 денари на дигитални услуги


  Речиси една третина од испитаниците од државава опфатени со истражувањето „Нови дигитални навики“ на Виза трошат од 600 до 900 денари месечно (26,5 отсто) за да вршат работи преку апликации или виртуелни платформи. Секој втор испитаник (56 отсто) користи онлајн услуги неколку пати на ден и речиси секој (99 отсто) тоа го прави преку […]

Битиќи – Казуја: Имаме голем потенцијал за унапредување на економската соработка


Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денес оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Н.Е. г. Оцука Казуја, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји и потенцијалите за истата да се интензивира и понатаму.   Вицепремиерот Битиќи упати благодарност до јапонскиот амбасадор за […]

„Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан“ со понуди на тендерот за субвенции за нови летови


Авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Егеан ерлајнс“ доставија понуди на тендерот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. Понудите беа отворени денеска во Министерството за транспорт и врски од страна на Комисијата за таа намена. […]

Ангеловска-Бежоска: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава


  Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, […]

„Реплек АД“ доби А – интегрирана дозвола


  По низа активности и инвестиции кои беа реализирани во изминатиот период, РЕПЛЕК ФАРМ, компанија основана од Реплек АД, ја доби А – интегрираната еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој документ е потврда за одговорното работење, континуиран мониторинг и намалување на влијанието врз животната средина, далеку под дозволениот минимум, посочуваат […]

Нé чека економски тешка, но година со добри берзански можности


  Капитал Ассет Менаџмент ја одржа традиционалната Годишна инвеститорска средба во 2023, година за која изгледите се дека ќе биде полесна за инвестирање од претходната. Очекувањата се дека инфлацијата ќе продолжи да забавува, како што потврдуваат и последните официјални статистички податоци, што значи полесни денови за инвеститорите. Заедно со намалениот економски раст или потенцијалната рецесија, […]

САП и ИБМ најавија масовни отпуштања


  Во текот на изминатите две години, технолошката индустрија вработи голем број нови работници, но со првите знаци на криза и забавување на растот, а потоа и можна рецесија, оние кои претераа почнаа масовно да отпуштаат работници.  Првиот голем бран отпуштања го најави Амазон на крајот на минатата година, намалувајќи го бројот на работници за […]

Отворање на понудите на тендерот за субвенции на нови авиолинии


  Во Министерството за транспорт и врски денеска ќе се одржи јавно отворање на понудите што се доставени на повикот за доделување финансиска поддршка за нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2023 до крајот на 2025 година. На повикот што беше отворен од 20 декември […]

Успешна промоција на македонските компании на саемот АГРО Белград


Делегација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предводена од ресорниот министер Љупчо Николовски, денеска учествуваше на отворањето на Меѓународниот саем за земјоделство АГРО Белград 2023 година. АГРО Белград претставува водечки саем за производителите на овошје, зеленчук и вино во регионот, каде се вмрежуваат реномирани домашни, регионални и светски компании и купувачи, создавајќи нови контакти […]

Богатите милениумци ја загубија довербата во берзите: Еве каде инвестираат


  Берзата долго време беше избор за луѓето кои сакаат да ги инвестираат своите пари. Но, тоа би можело да се промени како што на сцената стапува помладата генерација. Според истражувањето на Банката на Америка (Bank of America), поединци на возраст од 21 до 42 години со средства од најмалку 3 милиони долари имаат само […]

„Тесла“ ги објави резултатите, акциите веднаш пораснаа за повеќе од пет отсто


  Производителот на електрични возила „Тесла“ ги објави резултатите, со што акциите на компанијата се зголемија за повеќе од 5 отсто само неколку часа откако извршниот директор Илон Маск изјави дека компанијата може да произведе два милиони автомобили оваа година. Акциите сега вредат нешто повеќе од 152 долари. Во последниот квартал од минатата година, „Тесла“ […]

Бесими: Новите вработувања не зависат од Министерството за финансии


  Вработувањата во државните и јавните институции треба да се реализираат врз основа на обезбедени средства за ново вработување и планот за вработување на институцијата, а процесот треба да го менаџира раководното лице во институцијата. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во одговор на пратеничко прашање во Собранието. „Станува збор за еден процес […]

Ковачевски: Нема да има ценовен шок до крајот на 2023 година


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека и оваа година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза за што се предвидени 225 милиони евра во Буџетот. Како што рече, одговорајќи на пратенички прашања, Владата вети дека нема да има ценовен шок за граѓаните до крајот на 2023-та. -Во мојот Кабинет ангажирав советници […]

Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти од Економскиот факултет – Скопје


  Дванаесет студенти на Економскиот факултет при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје добија стипендии од 10 осигурителни компании. Иницијативата за отпочнување на соработка за доделување стипендии на студенти со висок просек, посетување на пракса и можност за вработување во осигурителните компании произлезе од меморандумот за соработка склучен на денот на осигурувањето чиј […]

Бесими: Ќе се напарават напори за побрз поврат на персоналниот данок кај земјоделците


  Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека ќе се напарават дополнителни напори за да се забрза повратот на персоналниот данок на доход кај земјоделците. Тоа, како што рече, ќе се реализира во координација со УЈП и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Бесими, одговорајќи на пратенички прашања, рече дека во процедура е и […]

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Филипиду: Преку водењето соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност


  Преку водењето соодветни политики, Народната банка ја задржа финансиската стабилност, односно стабилноста на банкарскиот сектор, што е важен предуслов за постигнување здрав и одржлив економски раст. Притоа, при присуство на ризици, важно е да се продолжи со претпазливи политики и натамошно зајакнување на отпорноста. Ова беше пораката на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, […]

Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите


 Рокот за доставување понуди на тендерот за субвенции за нови авиолинии истекува денеска напладне. Отворањето на доставените понуди ќе се одржи утре од страна на Комисијата формирана за таа намена во Министерството за транспорт и врски. Повикот, објавен на 20 декември лани, за субвенционирање нови авиолинии од двата аеродрома во земјава, Меѓународниот аеродром Скопје и […]

Бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ и во февруари ќе го снабдува со гас ЕСМ


  „ЕСМ Продажба“ со бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата, информираат од компанијата. Како што велат, на јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата „Актаел“ понуди цена […]