(Во живо) Потпишување на договор за Коридор 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“


Проследете потпишувањето на договорот за Коридор 8 и 10 д  помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“. На настанот ќе говорат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички систем и […]

На раководни позиции во Министерството за економија 65 отсто се жени


Родовата еднаквост е предуслов за слободно, развиено, демократско, праведно и отворено општество. 8-ми Март е Меѓународен ден на жената преку кој се одбележува борбата за политичка, економска и социјална рамноправност помеѓу жените и мажите. За да го испочитуваме овој меѓународен празник треба секојдневно да дејствуваме против родова стереотипизација. Чест ми е денеска да кажам што […]

Остар пад на Волстрит по пораките на Пауел за каматните стапки


Американските индекси претрпеа силен пад во вторникот по пораката на гувернерот на ФЕД Џером Пауел дека каматните стапки ќе бидат малку повисоки од очекуваното. Дау Џонс индастриал авериџ (Dow Jones Industrial Average) падна за 574,98 поени или 1,72 отсто за да заврши на 32.856,46. S&P 500 изгуби 1,53 отсто за да се затвори на 3.986,37 […]

Работници на „Амазон“ во Калифорнија ја изгубија колективната тужба против компанијата


Компанијата „Амазон“ победи во колективна тужба поднесена во име на речиси 7.000 работници на „Амазон“ од американската сојузна држава Калифорнија, барајќи надомест за вработените кои работеле од далечина за време на пандемијата на корона вирус. Американскиот окружен судија Винсент Чабриа во Сан Франциско изјави дека назначениот обвинител Дејвид Вилијамс не докажал дека „Амазон“ требало да […]

Потпишување договор за коридорите 8 и 10 д со конзорциумот „Бехтел и Енка“


Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за коридорите 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“.   На настанот по овој повод ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за политички […]

Американски разузнавачи сугерираат дека „Северен тек“ бил саботиран од проукраинска група


Украина- Нови разузнавачки информации што биле прегледани од американски официјални лица сугерираат дека минатогодишниот напад на гасоводот „Северен тек“ го извршила проукраинска група, пренесе денеска весникот  „Њујорк тајмс“. Нема докази дека украинскиот претседател Володимир Зеленскии или највисоките украински функционери биле вклучени во операцијата, ниту дека сторителите дејствувале по инструкции на некој украински владин функционер, пишува весникот […]

Пауел: Каматните стапки веројатно ќе бидат повисоки отколку што очекувавме


Претседателот на американската централна банка (ФЕД) Џером Пауел на сослушувањето во Сенатот предупреди дека ќе мора да продолжат со политиката на зголемување на каматните стапки подолго отколку што првично очекуваа. Тој зборуваше во условно, но пораката беше јасна. „Доколку податоците диктираат дека се потребни дополнителни зголемувања, ќе бидеме подготвени да го забрзаме темпото на зголемување […]

Владата го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д


Владата на денешната седница го одобри склучувањето на Договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д. -Владата, на предлог на Комитетот за преговори за склучување на Договорот за градење на Коридорот 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и Проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот […]

МТЕЛ планира инвестиции од 50 милиони евра во земјава и нови 200 вработувања


Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ, притоа им честиташе на менаџерите на МТЕЛ за успешното работење, за постигнатите резултати и за позитивниот развој на пазарот во Северна Македонија. Како што информираат од владината прес-служба, премиерот истакна дека МТЕЛ досега во нашата земја има инвестирано четири милиони евра, а компанијата е […]

Во јануари извозот поголем за 13,7 отсто во однос на истиот месец лани, увозот за 4,9 отсто


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2023 година, изнесува 38,29 милијарди денари и бележи пораст од 13,7 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2023 година, изнесува 52,33 милијарди денари денари, што е за 4,9 отсто повеќе во споредба со истиот […]

Годишната инфлација и натаму двоцифрена, пораст на трошоците на живот и во февруари


Инфлацијата во февруари во однос на јануари годинава изнесуваше 0,6 отсто, додека во однос на февруари минатата година и натаму е двоцифрена и изнесува 16,7 отсто, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Во самиот врв на зголемени трошоци се најосновните производи, односно храната и безалкохолните пијалаци, каде што индексот во февруари […]

Минималните трошоци на едно семејство во февруари 50.909 денари, за 110 денари повеќе од јануари


Минималните трошоци на четиричлено семејство во февруари изнесувале 50.909 денари, покажуваат анализите што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.  Според податоците од синдикалната потрошувачка кошничка, што ја изработува ССМ, најголем дел или 19.379 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.306 денари за комунални трошоци. За превоз минимум се потребни 3.679 денари, […]

Груби: Владата го одобри договорот за Коридорот 8 и 10-Д


  Владата денеска на предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10Д, го одобри договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д. Со Комитетот раководи првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, кој ја соопшти оваа одлука и ја оцени како историска. Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10Д […]

Сурија Рашиди предлог на АА за директор на МЕПСО, Бујаре Абази на „Македонска пошта“


Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, Бујаре Абази ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за МИА од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од редовите на Алтернатива, откако таа партија излезе […]

Комитет за финансиската стабилност: И покрај предизвиците, стабилноста е задржана


  Комитетот за финансиската стабилност, на седницата одржана на 6 март 2023 година, го усвои Годишниот извештај за работењето на Комитетот за 2022 година. Во Годишниот извештај се наведува дека финансискиот систем во земјава е стабилен, и покрај натамошните геополитички тензии од воената инвазија на Русија врз Украина, како и глобалните предизвици поврзани со енергетската […]

Потрошувачката кошничка во Европа е надвор од контрола


Индексот на потрошувачките цени (CPI) излезе од контрола во Европа, бидејќи цените на некои основни производи, како што се млекото и овошјето, пораснаа повеќе од кога било во 2022 година. Како што пишува шпански Ел Паис, литар млеко во супермаркет во Мадрид се продава за 90 центи, во Лондон за 92 центи, во Берлин за […]

Владата ќе го разгледа Извештајот на консултантот за преговорите со конзорциумот „Бехтел и Енка“


Владата денеска ќе го разгледа Извештајот на консултантот за преговорите со американско – турскиот конзорциум Бехтел и Енка, кој треба да ги гради коридорите 8 и 10 Д во земјава, најави вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на неговиот официјален фејсбук профил.  -Голем ден не очекува денес во Управниот […]

„Пари“: Колку чинат позајмените 3,9 милијарди евра со деветте еврообврзници


Во 2027 година ќе ги вратиме 500-те милиони евра од сегашната еврообврзница, а дотогаш ќе стигнат за плаќање уште три во вкупна вредност од 1,9 милијарди евра. Покрај основицата, ќе се враќаат и каматите. „Пари“ пресмета колкави се каматите за досега земените еврообврзници. Податоците кажуваат дека за сите претходни осум еврообврзници, вкупниот износ на камати што […]

Ангеловска-Бежоска: Нецелосното искористување на потенцијалот на жените е загуба за целата економија


„Општествата со поголема родова еднаквост се сметаат за посигурни, поздрави, со помалку насилство и поголема кохезија. Но, исто така поголемата интеграција носи и голем број економски придобивки, не само за жените, туку и за целото општество.“ Ова го истакна Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка, на Меѓународниот форум за женско лидерство „Жените пишуваат историја“, организиран […]

Русија профитира од договорот за нафта меѓу Германија и Казахстан


Германија повеќе не сака да купува сурова нафта од Русија за да стане независна од својот досега најважен снабдувач со енергија. Сепак, Москва сè уште го одржува влијанието во Германија преку договорот за снабдување со Казахстан. Оваа недела, Казахстан ја испорача првата пратка сурова нафта во Германија преку нафтоводот Дружба (Пријателство). Со тоа треба да […]