Николовски: Кромидот не смее да се продава по 100 денари за килограм


Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски кажа дека цената на кромидот достигнува до 100 денари за килограм, иако неговата реална цена е двојно пониска, односно треба да биде 50 денари.

Николовски кажа дека министерството дава поддршка за замрзнување на цените на одредени земјоделски производи.

– Ова е време за солидарност, а не за профитерство. Јас нема да дозволам никој да се збогати на грбот на земјоделците и граѓаните. Производствена цена на кромидот е околу 20 денари по килограм за работна сила и дополнителни трошоци, а тоа значи дека со сите остаснати трошоци на трговецот, релната цена треба да биде до 50 килограми за килограм, вели Николовски.