Атрактивна понуда на кредитни производи од Комерцијална банка на Саемот на мебел


Сѐ е подготвено за почетокот на Саемот на мебел 2023, каде ве очекува разновидна понуда на кредитни производи од Комерцијална банка. На специјалниот саемски штанд на Комерцијална банка ќе може да се информирате и да аплицирате за разновидни кредитни производи. 

Како партнер на годинашното издание на Саемот на мебел, Комерцијална банка се погрижи посетителите да добијат исклучителна можност за на едно место да го одберат своето идеално парче мебел и вистинското финансиско решение.

Саемот на мебел започнува на 29 март и ќе трае до 2 април, со работно време од 10.00 до 20.00 часот, а ќе се одржи во комплексот „Борис Трајковски“. На Саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел, декоративни подлоги и елементи и, секако, на оригинални решенија за ентериерот.

Уредувањето на домот е вистинско уживање кога на едно место добивате богата понуда на мебел и атрактивни кредитни производи. Токму тоа ви го овозможува Комерцијална банка на Саемот на мебел.