Напредок во однос на правилата за безбедна храна, позитивна оценка и за заштитата на потрошувачите, нотира ЕК
Европската комисија (EK) и во годинашниот Извештај за напредокот на земјава го потврди доброто ниво на усогласеност на националните политики во областа на безбедноста на храната и благосостојбата на животните. Постигнат е одреден напредок во ставањето во промет на храната, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло, како и во однос на правилата за …