Индија лани увезе десет пати повеќе руска нафта – и заштеди милијарди


Увозот на руска нафта во Индија минатата година се зголеми за десет пати, покажуваат податоците на индиската државна Банк оф Барода. Ако се суди според билансот, третата по големина азиска економија заштедила околу пет милијарди долари со купување на руска нафта. Веста доаѓа во време кога западните земји драстично го намалуваат увозот на енергија од […]

Методија Ристоски реизбран за претседател на Нотарската комора


На редовното Изборно собрание на Нотарската комора на Република Северна Македонија одржано денеска, Методија Ристоски едногласно е реизбран за претседател за мандатен период 2023 – 2026 година. Како што информираат од Нотарската комора, на Изборното собрание биле избрани и членови на други органи на Комората.

Почнуваат геомеханички истражувања на делницата Прилеп – Битола


На трасата на делницата од Коридорот 10 д, кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, во наредните денови ќе се вршат геомеханички истражувања на теренот за подготовка на изградбата на автопатот откако вчера и официјално беше означен почетокот на работите, соопшти Владата . Ова е согласно предвидената динамика во договорот. „Продолжуваат подготвителните градежни работи на […]

Финансиските лидери на Г7 ветија дека ќе ја запрат инфлацијата и ќе ги зајакнат синџирите на снабдување


Финансиските лидери на Групата седум најбогати либерални демократии (Г7) на крајот од тридневниот состанок во Јапонија изразија поддршка за Украина и решеност да се обезбеди спроведување на санкциите против Русија поради нејзината агресија. Министрите за финансии на Г7 и шефовите на централните банки ги завршија разговорите во Нигата, Јапонија, со заедничка изјава во која наведоа […]

Измени во Правилникот за урбанистичко планирање за поставување фотоволтаици


Министерството за транспорт и врски пристапи кон измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање во насока на овозможување реализација на фотонапонски електроцентрали во планови со исклучиво уредена намена од групата на класи на намени „Г”, соопштија од Министерството. Со оваа измена, како што информира, се доуредуваат постапките за поставување фотоволтаици за искористување на сончевата […]

Нема унифицирани податоци за несреќите на работното место


Податоците за безбедноста и здравјето при работа во земјава се разликуваат од институција до институција што укажува на тоа дека собирањето на релевантни и унифицирани информации за несреќите на работното место се уште е нерешлив проблем во земјава. Македонското здружение за заштита при работа секоја година по повод 28 април – Меѓународниот ден за заштита […]

Маск си најде замена: Линда Јакарино од Ен-Би-Си Јуниверзал именувана за извршен директор на Твитер


Илон Маск ја именуваше поранешната главна маркетинг директорка на NBC Universal, Линда Јакарино, за нова извршна директорка на Твитер, во момент кога компанијата се обидува да се избори со падот на приходите од реклами. Јакарино ќе ја преземе оспоруваната и оптоварена со долгови социјална платформа откако помина неколку години во модернизирање на маркетингот во NBC […]

Крипто милијардерите за една година изгубиле 110 милијарди долари


Крипто милијардерите изгубиле имот во вкупна вредност од 110 милијарди долари за една година, објави магазинот Форбс. Во 2022 година, на листата на Форбс на милијардери имаше 19 луѓе кои своето богатство го заработија во бизнисот со криптовалути, чиј имот тогаш беше проценет на 140 милијарди долари. Оваа година, 10 од 19-те луѓе од минатогодишната […]

За опозицијата неприфатливи предложените измени во Законот за работи односи


 Собраниската Комисија за европски прашања втор ден расправа за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за работни односи, по скратена постапка и со европско знаменце. Велика Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека измените се неприфатливи бидејќи не се во согласност со Конвенцијата за дискриминација број 111 на Меѓународната организација на трудот и претставуваат нееднакво постапување […]

САД и Турција дадоа голема поддршка за изградба на коридорите


  Во свечена и на моменти еуфорична атмосфера и најави дека Македонија конечно ќе стане земја во која се вкрстуваат два важни паневропски коридори, 8 и 10, што ќе придонесе за зголемен економски развој, денеска беше означен почетокот на автопатското поврзување меѓу Прилеп и Битола, дел од проектот кој Владата со склучи со конзорциумот „Бехтел […]

(Во живо) Поставување на камен темелник на проектот Коридор 10-д


Проследете го поставувањето на камен темелник на проектот Коридор 10-д. На настанот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Ејуп Рустеми, директор на Јавно претпријатие за државни патишта, Ерик Маер, втор човек во амбасадата на САД, Хасан Мехмет Секизќок, амбасадор на Турција во Македонија, Џастин Сиберел, […]

Светската конфедерација на синдикати ги нарече измените на Законот за работни односи „опасни“


  Сојузот на синдикати на Македонија ССМ соопшти дека Светската конфедерација на синдикати ИТУК (ITUC) го поддржува барањето на македонските синдикати, Владата да ги повлече, како што велат, опасните измени на Законот за работни односи, по скратена постапка со кои се зголемува работното време до 60 или дури до 72 часа неделно. – На 8 […]

Се подобрува сообраќајниот пристап на граничниот премин Табановце – Прешево (фото)


  Царинската управа денеска информираше дека започнуваат градежните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце за проширување на пристапните сообраќајници од македонска страна што има за цел забрзување на протокот на возила и олеснување на трговијата. Активностите се во целосна координација со институциите од српска страна каде наскоро ќе започне сличен инфраструктурен зафат. Планираните активности се […]

Камен темелник за автопатската делница Прилеп-Битола на Коридорот 10д


 Во Прилеп денеска ќе биде поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. За останатите три автопатски делници на Коридорот 8  свеченоста се одржа минатиот месец.  Во собраниската Комисија за европски прашања вчера почна расправата за […]

Таксистите лани превезле над 13,5 милиони патници


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година со такси се превезени 13.566.000 патници, од кои 12.557.000 во градскиот, а 1.009.000 патници во меѓуградскиот превоз. Со 1709 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 58.135.000 километри, од кои 52.044.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6.091.000 километри. Податоците за […]

Пробивот во вештачката интелигенција на „Гугл“ им даде крилја на акциите на „Алфабет“


Акциите на „Алфабет“ (Alphabet) се тргуваат на највисоко ниво од август минатата година по најавите на „Гугл“ (Google) за вештачка интелигенција на конференцијата за програмери во средата. Акцијата се зголеми за околу 5 отсто и се тргуваше близу 118 долари за акција во четвртокот наутро. На својот I/O настан, „Гугл“ во сопственост на „Алфабет“ објави […]

„Туркиш ерлајнс“ планира да купи дури 600 авиони


„Туркиш ерлајнс“ ќе нарача вкупно 600 нови авиони во јуни, кои ќе бидат испорачани во рок од десет години, изјави во четвртокот претседателот на компанијата Ахмет Болат. Болат рече дека нарачката ќе се состои од 400 авиони со тесно тело и 200 авиони со широко тело, а флотата ќе се зголеми на 810 авиони до […]

Огромната дупка во рускиот буџет стигна до нов рекорд


  Дефицитот на буџетoт на Русија за првите четири месеци изнесува 3,4 билиони рубљи (44,4 милијарди долари), според прелиминарните податоци објавени од Министерството за финансии. Ова е за половина билион повеќе од годишниот план (2,9 билиони рубљи – 37,8 милијарди долари) и дури малку повеќе отколку за целата минатата година, кога дефицитот изнесуваше рекордни 3,345 […]

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година


Банката на Англија денеска ги зголеми каматните стапки на највисоко ниво од крајот на 2008 година, борејќи се со високата инфлација во Велика Британија. Одлуката на деветчлениот комитет за монетарна политика на банката да ја зголеми основната каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,5 отсто беше очекувана на финансиските пазари. Ова е 12-то зголемување […]

Требаше храброст за бизнис, сега жените се посамоуверени: Интервју со Лидија Трипуноска, агенција „Марили“


„Економски перспективи за предвидлив развор“ е темата на вториот „Марили бизнис форум“ кој годинава се одржува во Скопје на 27 мај. На форумот ќе се разговара за енергетските предизвици како нови можности во економијата, за политиките, практиките и моделите за одржлив развој во земјоделството и прехранбената индустрија. Исто така, фокус ќе биде и личната трансформација […]