Таксистите лани превезле над 13,5 милиони патници


Фото: Б. Грданоски

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година со такси се превезени 13.566.000 патници, од кои 12.557.000 во градскиот, а 1.009.000 патници во меѓуградскиот превоз.

Со 1709 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 58.135.000 километри, од кои 52.044.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 6.091.000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 235 извештајни единици.