Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет


Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај.  Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите […]

Стопанската комора бара девет мерки во енергетиката за да и се помогне на економијата


 Девет предлог мерки кои државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од Стопанска комора на Северна Македонија (СКСМ) до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката.Предлог-мерките се испратени до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката:   – АД ЕСМ, со […]

Граѓанските обврзници нема да ги загрозат депозитите во банките, тврди Бесими


Не се очекува граѓанската обврзница да се одрази негативно врз депозитите во банките, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој во интервјуто за националната телевизија се осврна и на најавеното издавање на граѓанската обврзница, кое како што самиот информраше треба да се реализира веќе во јуни.  – Средствата од граѓанските обврзници се предвидени во Буџетот за 2023 […]

Вложувањата во осигурување пораснаа 19 отсто, надминаа 48 милиони евра за три месеци


Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. Вложувањата во неживотни осигурување достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за првите три месеци […]

Подарок-картички за најубав матурски подарок


Изборот на идеалниот подарок за матуранти и полуматуранти не мора да биде тежок избор. Изберете подарок-картичка на Комерцијална банка за шопинг во Skopje City Mall и во East Gate Mall и предизвикајте насмевки и радост кај славениците. Подарок-картичките се во износ од 1.000 до 5.000 денари и се навистина елегантно решение кога сакате да бидете сигурни дека […]

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит


Општината Фаистос на грчкиот остров Крит набави две електрични возила на „Брако“, од моделот GM 500 ZE. Општината има цел  да го електрифицира возниот парк и да ја подобри ефикасноста на комуналната служба со цел хигиената на градските улици да се одржува подобро и притоа без загадување на водухот. Дел од квалитетите на ова возило […]

Истражување: Во Германија три пати повеќе луѓе работат од дома отколку пред пандемијата


Приближно 12 отсто од канцелариските бироа во Германија остануваат неискористени во текот на работниот ден, бидејќи работа на далечина стана норма по пандемијата, соопшти германскиот истражувачки институт – Ифо. Тој процент е околу трипати поголем во споредба со 2019 година. Речиси празни канцеларии се најчести во секторите како што се информатичката технологија, рекламирањето и деловното […]

Прв симпозиум на Балканските вина во Скопје – заедничка винска маркетинг стратегија за земјите од Западен Балкан


Здружението „Вина од Македонија“ ве поканува да го проследите првото издание на Симпозиумот „Балкански вина“ којшто ќе се одржи на 19 мај 2023 од 11 часот, во просториите на М6 Едукативниот центар. Овој симпозиум истовремено претставува завршен настан на проектот поддржан од ОН ФАО и ЕБРД со кој се креираше заедничка винска маркетинг стратегија за […]

Туризам со пет ѕвездички: Зошто Анталија е светска топ дестинација, омилена и на Македонците (фоторепортажа)


Глобтротерите тврдат дека одмор со пет ѕвездички, ултра ол инклузив, каков што има Турција, нема никаде во светот. Рај за очи, празник за стомак, домаќини за мерак. Особено Анталија која може да се пофали дури со 300 сончеви денови во годината, сезона која трае 11 месеци, 400 километри долг морски брег и преку 3.000 хотели. […]

Од Скопскиот аеродром ќе се лета и до Осло, Луксембург и Љубљана, а од Охрид до Манчестер и Гетвик


Авиокомпанијата „Виз ер“ најави шести воздухоплов во базата во Скопје. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт на денешната прес-конференција изјави дека со новиот воздухоплов ќе се придонесе за зголемување на операциите на скопскиот аеродром, покрај тековните фреквенции на дестинациите што ги оперира „Виз ер“, ќе придонесе и за нови дестинации што ќе бидат воведени […]

Бочварски oчекува рекордна година за авиосообраќајот во земјава 


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Скопје се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата Визер.  Во своето обраќање, тој потенцираше за успешните политики на Владата на Република Северна Македонија за развој на авиосообрачајот со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни […]

Предизвиците и поволностите од „Отворен Балкан“ за земјоделството и туризмот


Денеска беа презентирани студиите за влијанието на регионалниот пазар во рамки на „Отворен Балкан“ врз секторите земјоделство и туризам. – Отворањето заеднички пазар во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ покрај политичка волја изискува и соодветна институционална инфраструктура. Спроведувањето на иницијативата не е едноставен процес, тaa изискува голем степен на усогласеност меѓу земјите, планирање и креирање […]

Бесими: Работиме на брзо, но системско решение за раст на платите на сите во јавниот сектор


Платите во јавниот сектор ќе растат според добровоспоставен систем, на кој веќе активно се работи, односно една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Платите не се замрзнуваат до идната година, и годинава веќе имаше раст на платите во јавниот сектор за усогласување со минималната плата, согласно системското решение со закон кое го […]

За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД


Министерот за земјоделство Љупчо Николовски вечерва изјави дека за прв пат ќе има македонски национален штанд на саем во САД. -Единствени од регионот со Италија и Шпанија учествуваме на саемот Bellavita Chicago. За прв пат имаме македонски национален штанд на саем во Америка. Очекуваме дирекни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на […]

Русија се согласи да продолжи договорот за извоз на украинското жито


  Русија се согласи да го продолжи договорот што ѝ овозможи на Украина да испорачува жито преку Црното Море до делови од светот кои се борат со глад, објави во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, што претставува зајакнување на глобалната безбедност на храната по војната која почна пред повеќе од една година и ги […]

Објавен јавен повик за поднесување барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик од новата Програма  за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година. Ова е нова програма, која прв пат е донесена оваа година и со нејзиното спроведување се очекува системско подобрување на работењето на земјоделските задругите и развој на задругарскиот сектор со зголемување […]

Битиќи: Решението е иста методологија за плати за сите во јавниот сектор


Платите во јавниот сектор се регулирани со преку 200 различни акти – закони или подзаконски акти и морам да признам дека некој сакал намерно да не води грижа. Решението е иста методологија за плати за сите во јавен сектор, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  -Зошто е тоа направено може самите да донесете […]

ФИТР ќе прави центар за иноваторство „MakerSpace“


  Со воспоставување на четирите нови лаборатории, младите истражувачи и креативци од денеска добиваат нови современи лаборатории опремени со најнова технологија и опрема, каде ќе можат слободно да работат на своите иновации и креативни решенија. Овие лаборатории ќе претставуваат отворен простор, каде младите ќе имаат можност да соработуваат со приватниот сектор, високообразовните и научни установи, […]

Штандот на „Брако“ привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа


„Брако“ учествуваше на Отворениот ден на средното техничко училиште „Коле Неделковски“ во Велес, во пресрет на уписните рокови на новата генерација ученици. На штандот на „Брако“ младите ученици можеа да добијат информација како и на кој начин практично ќе учат за својата струка во рамките на фабриките во склоп на „Брако“, кој е една од […]