Бочварски oчекува рекордна година за авиосообраќајот во земјава 


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Скопје се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата Визер. 

Во своето обраќање, тој потенцираше за успешните политики на Владата на Република Северна Македонија за развој на авиосообрачајот со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа. 

Северна Македонија е атрактивна земја за сообраќај, а тоа веќе го препознаваат авиокомпанииите.   Имаме успешна соработка со Визер, но и со други авиокомпании и сите заедно допринесуваме за развој на цивилното воздухопловство во земјава. Оваа година ќе биде уште една рокордна и за тоа веќе сме на добар пат. Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44 % повеќе во споредба со минатата година или раст од 11 %  во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници. Во овој момент може да се лета близу 50 дестинации во Европа. Од наесен токму преку финаниската подршка што ја овозможува Владата, Визер ќе воведе уште четири нови дестинации“, рече Бочварски во обраќањето. 

Според него, тоа е доказ оти финансиската поддршка е оправдана и ги дава очекуваните резултати.    

Крајна цел е да се искористат сите капацитети што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот  „Св. Апостол Павле“ за да се овозможат квалитетни услуги за патниците.