Подарок-картички за најубав матурски подарок


Изборот на идеалниот подарок за матуранти и полуматуранти не мора да биде тежок избор. Изберете подарок-картичка на Комерцијална банка за шопинг во Skopje City Mall и во East Gate Mall и предизвикајте насмевки и радост кај славениците.

Подарок-картичките се во износ од 1.000 до 5.000 денари и се навистина елегантно решение кога сакате да бидете сигурни дека сте го одбрале најубавиот подарок.

Сите детали за картичките и листата на бројни продажни места во Skopje City Mall и во Еast Gate Mall со богата понуда на брендови се достапни на следниот линк.

Посетете ја најблиската експозитура на Комерцијална банка за да го одберете износот којшто сакате да го подарите.