„Голден Арт“ со најдобра понуда во овие економски услови


Проектот “4 степени” во општина Аеродром на Голден Арт е ретка можност за купувачите на станови кои бараат исклучителна вредност и квалитет за ограничените средства со кои располагаат. Едноставно истражување на други градилишта и кај други компаниии кои градат во моментов го открива супериорниот квалитет на методологијата за градба на Голден Арт со т.н. “Голден Арт систем”. Со долгогодишна репутација […]

Оксфам: Г7 им „должи“ на сиромашните држави 13 трилиони долари


Богатите и индустријализираните земји од Г7 им должат на сиромашните земји околу 13 трилиони долари неплатена помош за развој, како и поддршка во борбата против климатските промени, процени хуманитарната организација Оксфам. Наместо да ги исполнуваат своите обврски, земјите од Групата седум и нивните банки бараат отплата на долг од 232 милиони долари дневно, објави Оксфам […]

Предлог-измените на Законот за градење на седница на Комисијата за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања на денешната седница треба да го разгледа Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за градење, по скратена постапка, кој е дел од петте закони потребни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Претходно, Комисијата ги разгледа и на натамошна собраниска постапка […]

Ворен Бафет продава акции во две банки, се обложува на Банката на Америка


  Ворен Бафет ја намали изложеноста на уште две банки минатиот квартал додека го зголеми својот удел во Банката на Америка (Bank of America – BAC) и купи нови акции на Капитал уан (Capital One). Милијардерскиот инвестициски конгломерат „Беркшир Хатавеј“ за 1,4 милијарди долари продаде од своите преостанати акции во Банката на Њујорк Мелон и […]

ЕУ и еврозоната во првиот квартал милиметар од стагнација


Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) во 20-члената еврозона порасна за 0,1 отсто во првиот квартал во споредба со претходниот квартал кога стагнираше, објави Евростат. Во ЕУ БДП порасна за 0,2 отсто, што е за 0,1 процентен поен пониско од прогнозата на Евростат на крајот на април. Во последните три месеци од минатата година е намален […]

Измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање поминаа на Комисијата за европски прашања


Собраниската Комисија за европски прашања попладнево ја заврши расправата за Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и го проследи на натамошна постапка во Собранието. Во попладневниот дел од работата, Комисијата не усвои ниту еден од седумте предложени амандмани за предлог-законското решение од страна на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш […]

Владата ја усвои новата Програма за спроведување на интервентен фонд во земјоделството


На седница Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја усвои Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството. Буџетските средства за оваа програма во висина од 317.000.000 денари се предвидени во буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во Потпрограма 21 – Интервентен […]

Синдикатот при Царинската управа со поддршка на вработените од УЈП


Синдикалната организација на Царинската управа при УПОЗ им даде поддршка на вработените од Управата за јавни приходи кои денеска излегоа на предупредувачки протест барајќи повисоки плати за 30 проценти.  -Синдикалната организација на Царинската управа – УПОЗ е во процес на носење на одлука за протест доколку не се исполни барањето за исплата на додаток на […]

Граѓанската обврзница нема да има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор, вели Ангеловска-Бежоска


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска не очекува дека издавањето на граѓанската обврзница што ја најави Министерството за финансии ќе има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор.  – Со оглед на најавата дека станува збор за издавање на обврзница во износ од 50 милиони евра во денарска противвредност сепак тоа е исклучително мал износ во споредба […]

Дали повисоките плати ќе ја подгреат инфлацијата


  Генерално доколку се предвидени одредени зголемувања коишто можат да значат поттикнување на јавната потрошувачка и евентуално притисок врз ценовното ниво, треба внимателно да се пристапи, изјави денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска одговарајќи на прашање дали зголемувањето на платите во јавниот сектор може да има импликации врз инфлацијата и врз дефицитот. -За тоа Министерството за финансии […]

Битиќи и Лукаревска во посета на „Слога Пром“ – од семеен бизнис до компанија со над 90 вработени


  „Слога Пром“ од Кавадарци е уште еден пример за успешна компанија која што се развива веќе 33 години, период во кој од семеен бизнис израсна во значаен чинител во економијата на земјата, дисциплиниран даночен обврзник, но и силен поддржувач на локалната заедница. Ова беше заклучокот од вчерашната посета на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир […]

Бочварски: Со изградба на Коридорот 8 стануваме неизбежна транспортна рута во регионот


    Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Црна Гора, каде учествува на министерската конференција посветена на поврзаност на земјите од Западен Балкан, а во организација на Секретаријатот на транспортната заедница и ЦЕФТА. Во рамки на Конференцијата, министерот Бочварски го потпиша Анексот на Одлуката на Европската комисија – […]

Народна банка излезе со најновите прогнози, годинава раст на БДП од 2,1 отсто, инфлацијата од 8 до 9 отсто


Народната банка за оваа година проектира економски раст од 2,1 отсто, а просечна инфлација во интеврал од 8 до 9 отсто.  По усвојувањето на најновиот квартален Извештај, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави макроекономските проекции на прес-конференција. „Според последните проекции, макроекономската слика не е значително променета во споредба со претходните оцени. И понатаму се очекува […]

И вработените во УЈП бараат повисоки плати, „жолт картон“ на предупредувачки протест


Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и во регионалните канцеларии на УЈП денеска излегоаа на предупредувачки протест од 10.00 до 11.30 часот. Претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски вели дека протестот е за повисока плата согласно Колективниот договор. Вработените во УЈП бараат повисоки плати за 30 […]

„Пари“: Животниот стандард во последните десет години низ факти и бројки


За една деценија, просечната плата во државава се зголемила за 68,7 проценти, а потрошувачката кошничка за речиси 52 проценти, покажува анализата на Пари, која под лупа стави бројни податоци што го отсликуваат животниот стандард на населението. Во апсолутен износ, никогаш како сега не биле потребни толку пари за да се закрпи дупката меѓу просечната нето-плата и […]

Намален откупот и продажбата на земјоделски производи


Во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3,13 милијарди денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 35,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 58,7 отсто додека кај продажбата на земјоделски производи […]

Повеќе договорени и извршени градежни работи во странство


Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 147 965 илјади денари, што е за 12.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи […]

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти


Северна Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто. Албанската економија годинава ќе […]

Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА. Во рамки на конференцијата, ќе се потпише Анекс на Одлуката на Европската Комисија  за разбирање на високо ниво помеѓу […]