Ворен Бафет продава акции во две банки, се обложува на Банката на Америка


 

Ворен Бафет ја намали изложеноста на уште две банки минатиот квартал додека го зголеми својот удел во Банката на Америка (Bank of America – BAC) и купи нови акции на Капитал уан (Capital One).

Милијардерскиот инвестициски конгломерат „Беркшир Хатавеј“ за 1,4 милијарди долари продаде од своите преостанати акции во Банката на Њујорк Мелон и регионалниот заемодавач во Минеаполис, Ју-Ес Банкорп (US Bancorp).

Тој продаде голем дел од акциите на „Беркшир“ во банките во САД помеѓу 2020 и 2022 година, неколку месеци пред колапсот на банкарскиот систем кој започна во средината на март.

92-годишниот инвеститор ја играше улогата на спасител за многу институции во текот на децениите, вклучувајќи ја и финансиската криза во 2008 година. Тој допрва треба да се појави како бел витез за која било проблематична банка за време на оваа актуелна криза, според Јаху фајнанс.

Бафет јасно стави до знаење на годишното собрание на акционери на „Беркшир“ претходно овој месец дека тој сè уште е „внимателен“ во однос на поседувањето голем број банкарски акции. Еден исклучок што тој го наведе е Банката на Америка, која останува една од најголемите холдинзи на „Беркшир“.

Според податоците, „Беркшир“ ги зголемил акциите во Банката на Америка за 2 отсто во првиот квартал, и покрај тоа што вредноста на нејзината вкупна позиција во акциите паднала за 4 милијарди долари во текот на кварталот.

„Ми се допаѓа Банката на Америка и ми се допаѓа менаџментот“, рече Бафет на состанокот на акционерите во Омаха.

Бафет има долга историја со Банката на Америка. Во 2011 година, тој „напумпа“ 5 милијарди долари во банката со седиште во Шарлот. Во тоа време, Брајан Мојнихан сè уште беше релативно нов извршен директор, а акциите на заемодавачот беа под голем притисок од загубите од субпримните заеми.

Бафет инвестираше подлабоко во неколку други финансиски акции овој квартал. „Беркшир“ додаде 954 милиони долари на Капитол уан и го зголеми својот удел во Ally Financial за 10,6 милиони долари. Конгломератот, исто така, продаде 1,1 милиони долари на Jefferies Financial Group и го задржа својот удел во Ситигруп недопрен.

Акциите на Ју-Ес Банкорп, BNY Mellon и Jefferies паднаа во почетокот на тргувањето, додека Банката на Америка, Сити, Капитол уан и Ally пораснаа.